“Сезона на златото” во месец февруари на Discovery Channel. Денес,исто како и во минатото потрагата по злато кај луѓето предизвикува подеднакво ист интерес во времето на златната грозница. Во потрагата по злато нема ништо романтично но постоењето на посебна врска меѓу луѓето и сјаниот метал е несомнена. За оваа сезона Discovery ви подготви нова сезона од најгледаните серијали за потрага по злато, Gold Rush и Gold Divers. Со неверојатни напори и огромна машинерија овие луѓе одлучиле да пронајдат злато. Discovery ќе ја следи нивната авантура, а вие следете го серијалот и дознајте кој успева во тоа.
GOLD RUSH: Се враќаат амбициозните рудари и оваа сезона во потрага на злато, вложувањата никогаш не биле поголеми
Сезона 5: Од 2ри февруари со почеток од 20:00 часот на Discovery Channel
Потрагата по злато на малите екрани во светот стана една од најгледаните телевизиски серијали. Discovery Channel оваа година ја преставува 5 тата сезона на Gold Rush.
Кој ќе остане во потрагата, а кој ќе отпадне?
Во оваа сезона се се промени. Нови рудари, нови компании, нова машинерија како и нови начини за експлоатација на злато. Дали големиот ризик кој го преземаат ќе им донесе поголема заработка? Gold Rush, најгледаната серија на Discovery Channel се враќа екраните со својата 5та сезона на 2ри февруари со почеток од 20:00 часот.
Во оваа сезона повратник е најмладиот рудар во историјата, дваесет годишниот Parker Schnabel, кој минатата година како почетник се докажа во Klondike, Alaska ископувајќи 28,30 кг злато со вредност од 1.4 милиони долари. Во новата сезона Parker не е веќе почетник и сака да постигне двојно повеќе, целта пред тимот е 56,7 кг злато со вредност од 2.5 милиони долари. Parker вложува се до последен цент од минатата заработка во луда трка за добивање на подобри наоѓалишта и купува нови машини за ископ и транспорт на рудата. Оваа година бара многу повеќе посветеност од својот тим кој го збогатува преземајќи го најдобриот механичар од својот ривал Todd Hoffman. Дали ќе успее Parker да ја постигне целта и да стане легенда на Klondike или пак ќе остане на тоа дека успехот во неговата прва сезона бил поради чиста почетничка среќа.
Најголемиот ривал на Parker, Todd Hoffman изминатата сезона вложи многу, се коцкаше и загуби. Дојде до самиот крај на експедицијата во Guyana, Јужна Америка каде што проба да заработи богатство со својот татко и остатокот од екипата. Неупешно заврши неговиот сон за ископување во џунглата, минатата сезона ја изгуби земјата, голема количина на пари, екипата но и своето достоинство. Во новата сезона Todd се враќа на почеток. Дали ќе успее да се издигне од пепелта и сврти се во своја корист или пак ќе биде ова последна сезона за него? Едно е сугурно, нема да се предаде без борба.
GOLD DIVERS: Златото под ледот на Беринговото море
Сезона 4: Од 1ви февруари со почеток од 20:00 часот на Discovery Channel
Амбициозните трагачи по богатство се враќаат повторно на екраните. Во оваа сезона животот на трагачите во градот Nome на Alaska. Покрај се не ги спречува да трагаат по злато на едно од најнегостољубивите места на земјата, дното на заледеното Берингово море под ледена покривка од 1.5 метри.
Gold Divers се враќа Discovery Channel со својата 4та сезона на 1ви февруари со почеток од 20:00 часот. За флотата на трагачите по злато од Nome, Alaska, златото е синоним за слобода. Оваа година тие тргнуваат во потрага на американскиот сон, сите заедно се одлучни да го надминат минатогодишниот рекорд на пронајдено злато. Дали ќе успеат да се фокусираат на прежувување на артичкото студенило и да пронајдат злато или пак ќе продолжат со недоразбирања меѓу себе?
Откако се докажа како успешен капетан на флотата, дваесет и шест годишната Emily Riedel, оваа сезона се враќа со понапреден брод за извлекување на злато. Соочена со големи долгови и притисокот да ја задржи репутацијата на прва жена од градот која раководи ваква флота сака оваа сезона да дојде до нов и брз пронајдок на злато. Во меѓувреме и нејзиниот татко, Steve Riedel , е зафатен со планирање на својот спектакуларен пропаст и заплена на бродот. Во оваа сезона назад ги имаме и минатогодишните рекордери по количина на злато, дуетот Pomrenke.Во потрагата по злато нема ништо романтично но постоењето на посебна врска меѓу луѓето и сјаниот метал е несомнена. За оваа сезона Discovery ви под
Пронајдете не на следниве мрежи: