Златна Зора на големо им се закани на навивачите на Шалке

Провокација на Циганоскопјаните на трибините на Шалке – членовите на неонацистичката Златна зора, не само што продолжуваат да ги коментираат секојдневните случувања поврзани со нашата земја, туку и продолжуваат да ја користат навредливата именка за Македонците, јави Канал 5.

Ултранационалистите им упатија закана и на германските навивачи на кои им порачаа:
„Добро би било, овој пат да ги задржат подалеку од стадионот, нивните скопски „братчиња“ и провоцирачките активности, бидејќи во спротивно, нивната екскурзија во Солун сигурно ќе им биде незаборавно искуство.“ – пишуваат од Златна зора на нивниот официјален сајт.
Во меѓувреме во Грција не стивнуваат анализите и прогнозите, во однос на тоа дали Шалке ќе биде казнет од УЕФА или не. Последните коментари во медиумите се дека германскиот тим ќе треба да одговара за како што велат „паното со политичка содржина“, но и за судирот меѓу навивачите и полицијата.
Според спортскиот портал Контра, челниците на германскиот клуб, незадоволни од она што се случуваше на првиот натпревар, најверојатно, во знак на протест, нема да присуствуваат на закажаната вечера со нивните колеги од ПАОК, пред реванш натпреварот во Солун.
Република.мкПровокација на Циганоскопјаните на трибините на Шалке – членовите на неонацистичката Златна зора, не само што продолжуваат да ги коментираат

Пронајдете не на следниве мрежи: