Златната фудбалска генерација на Македонија пример за сегашнава…

На прсти се бројат големите љубители на мак фудбалот што не се сеќаваат на „Златната генерација“ на Македонската фудбалска репрезентација, предводена од „фудбалскиот-диригент“, Ѓоко Хаџиевски.Утре со почеток од 20,45 часот, на „Националната Арена Филип Втори“ нашата фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Бугарија.
Ова ќе биде шести меѓусебен дуел меѓу нашата и селекцијата на Бугарија, а ние секако имаме негативен резултат од вкупните меѓусебни дуели.
Првиот натпревар со Бугарската селекција го имаме одиграно во 1995-тата година, во Струмица, каде натпреварот заврши без голови. Вториот во Софија каде изгубивме убедли со резултат 3-0.
Нашата фудбалска репрезентација предводена од феноменалниот Артим Шаќири, ја совлада селекцијата на Бугарија во 1998-мата година со резултат 1-0, а стрелец на победоносниот погодок беше „бомбардерот“ Ѓорѓи Христов, фудбалер кој имаше вистинско чувство за постигнување на погодок. Дефинитивно таа генерација може да се нарече „Златната генерација“, се гледаше борба на теренот, пожртвуваност и желба и мотив за нашата фудбалска репрезентација.
Во 2006-тата година повторно пораз од селекцијата на Бугарија, повторно од 1-0, на домашен терен.
Последниот натпревар против селекцијата на Бугарија го одигравме во 2006-тата година, дебито на Среќко Катанец сепак започна со пораз, со резултат 0-1, тогаш селекцијата на Бугарија беше предводена од Мартин Петров, а играчот кој тогаш со големи успеси ги бранеше боите на шпански Атлетико Мадрид, „кралуваше“ во средниот ред и ни задаваше премногу проблеми во офанзивните напади на Бугарската фудбалска репрезентација.
Извор за статистиката од меѓусебните дуели со Бугарија: sportefe.com.mkУтре со почеток од 20,45 часот, на „Националната Арена Филип Втори“ нашата фудбалска репрезентација ќе оди

Пронајдете не на следниве мрежи: