Злобници

Loading...

…„И така оној јадник несвесен за својата целосна паднатост, телесна и духовна, кој глуми борец за правата на ЛГБТ заедницата, во својата борба за „студентски права“, со демонски неартикулирани крици се обидуваше да го испровоцира момчето од СПУКМ за да предизвика негова насилна реакција или вербален инцидент со кој ќе добие оправдание за неговата спобудалена реакција, но за негова среќа споменатото момче не дозволи да биде испровоцирано.“…Злобата или озлобеноста, зависта, омразата, бесот, тоа е една иста состојба на паднатиот дух и никој не е имун на тоа, особено во состојба кога неможејќи да ги реализира своите цели човекот се чувствува до крајни граници исфрустриран, а кога е во состојба на безидејност и неинвентивност тогаш таа фрустрација куминира. Во таква состојба, така тешко болниот и паднат човек ги мрази сите, озлобен е до дното на својата душа, огорчен на сите и на се, злобен кон секого, а особено кон оној кој работи инвентивно и со капацитет. Тогаш падната душа не разликува добро од лошо, нема способност за препознавање ниту на најголемите добри дела насочени кон неа лично или кон пошироката заедница, темнината е толку голема, заслепеноста со злоба е до тој степен што во тотална помраченост на умот неможе ништо да согледа, а не пак да донесе здраворазумско и рационално решение за некои проблем. А проблемите од лична природа се манифестираат и врз пошироката околина и резултираат со истурање на злобата врз целото општество или поедини личности за кои озлобената мрачна душа смета дека се виновни за нејзината состојба. Во таа насока неможе да се препознае сопствениот пад, очај и горчина на злобата, кон што на крајот таа духовна состојба води и кои може да бидат крајните деструирачки состојби пред се по сопственото здравје.
Токму оваа злоба може да се забележи кај поголем дел од ликовите покриени со маски (бидејќи се далеку од личности), кои во последно време интензивно се појавуваат во јавноста, особено преку социјалните мрежи и на настани (протести) режирани од опозицијата која во се сака да види и најде проблем во Макеоднија. Во тоа свое појавување избликнува злобата на овие злобници и под маските кои веќе до крај се излитени и неможат да го покријат вистинското лице се гледа искривоколченото, темно, спобудалено и избезумено нечовечко лице на овие злобници. Дури и кога ќе се обидат да проговорат од нивните грла не излегува нормален глас, туку извитоперено крештање како животински бесен вик кој го испушта нивната озлобена темна душа (или пак оној кој ја запоседнал).
И така оној јадник несвесен за својата целосна паднатост, телесна и духовна, кој глуми борец за правата на ЛГБТ заедницата, во својата борба за „студентски права“, со демонски неартикулирани крици се обидуваше да го испровоцира момчето од СПУКМ за да предизвика негова насилна реакција или вербален инцидент со кој ќе добие оправдание за неговата спобудалена реакција, но за негова среќа споменатото момче не дозволи да биде испровоцирано. Впрочем во целата своја измама потребно е пред очите на јавноста да се претстават како мирни борци за човекови-студентски права за да ја завршат подлата игра која и предолго ја водат против македонските граѓани од сите генерации, религии, националности, професии. Затоа и вриска неартикулираниот обратен, со сиот ум мислејќи дека тој е во улога на заштитник на општеството од недемократија и едноставно неможе човек а да не се запраша, на кој начин, то тоа и од што тоа овој човек за жалење заштитува. Се прашувам, каде да најдеме поголема недемократија и демонократија во која се западнати овие ликови, од тоа дека промовираат противприродност и целите озлобени испуштаат крици кои потсетуваат на адскиот смев кој тие никако неможат да го слушнат, бидејќи излегува од самите нив, но за жал и себеси неможат да се видат.
Потоа доаѓа на ред онаа што и на мегафон постојано се заканува некому дека ќе одговара и тоа вообичаено со зарипнат, крештав глас исполнет со злоба како во секој миг од нејзината уста да ќе излезе троглава аждаја која ќе ги запали и проголта сите кои не мислат како неа. Оваа злоба е особено насочена кон полициските службеници кои по словото на законот мора да обезбедат јавен ред и мир за сите граѓани, а во исто време да избегнат секакви провокации и да не интервенираат на истите. Својата злоба ја истура врз полицијата, како и оној фејсбук лик што го навредува со име прозваниот полициски старешина и му се заканува нему и на неговото семејство со највулгарни изрази. И што е тоа ако не е злоба на злобниците со кој не раководат дури ниту тие самите. Во тој брлог на гнасотии полицајците остануваат мирни и покрај личните навреди кои им се упатуваат. Кога ова би се случувало во некоја од државите од Европската унија или во САД, убеден сум дека полицијата би реагирала така демократски што некои од овие злобници долго време би се смирувале во затвори со максимална безбедност. Сепак ова е Македонија ние сме мал народ и колку и да зборуваат за некаков си режим, тој ист „режим“ очигледно е дека не презема репресивни мерки против сопствениот народ. Затоа кога ќе ги решат да глумат загрозеност од полициска бруталност и да извикуваат „стоп на полициската бруталност“ како излитена флоскула, им советувам да одат малку до Турција и да протестираат еден ден на плоштадот Таксим или малку во Феникс во САД, или до Берлин, колку на еден ден нели за да видат што е тоа полициска бруталност кога откако ќе те претепаат полицајци во униформа и цивил ќе те остават како куче на улица да откако те собере брзата помош потоа те приведат и обвинат за нарушување на јавниот ред и мир. Па нели за демократија се борат дечките „студенти“ и за вреднсотите токму на прифатени од нашите партнери и затоа не е лошо малку во пракса да видите како изгледа тоа кај нив пред воопшто да почнете да зборувате за полицикса бруталност. Згора на се, оној фејсбук злобник и покрај јавно изречените пцости и закани врз полицискиот старешина при вршење на должност што се смета за омаловажување на овластено службено лице при вршење должност и е казниво дело, воопшто небеше повикан на одговорност, а не пак според нормалните законски процедури приведен на лице место и обвинет. Толку за полициската бруталност и злобничката демонократија насочена кон уривање на институциите на државата.
Понатаму следуваат хушкачите кои се малку задоцнети за студенти, но не и за покажување на својата злоба во која очиглкедно се силно утврдени, една госпоѓа хуманитарно комитетски невладина која никаде ја немаше во времето кога илјадници лиѓе остануваа без работа во Македонија и кога им беше загрозено правото на живот, работа, социјална заштита со еден збор правото на егзистенција, но тогаш некој друг беше на власт односно оној од кого Заев и неговите многу научија како да застанат против сопствениот народ. Тука е и еден пропаднат новинар кој здушно ги помага „слободоумните студенти“, а преку своите колумни кои патем во последно време му проретчија (по се изгледа лицкот им здосади и на наредбодавците му), истура грст злоба и богохулност.Секако тука е и онаа „студентка“ чија мајка е дел од удбашките структури од времето на Сина птица и Дувло, а сега дел од локалците вработени во странски амбасади задолжена за контакти со СЈО, а која ете така на „слободоумни“ протести против недемократија и за демонократија изблува грст отров и гнасотии за така кусо време што се запрашувам со што се полни ликот пред да тргне на тие протести или што толку лошо таа виде од државата Македонија па истура врз сопствената татковина куп навреди и лаги. Човек да се праша што овие луѓе јадат и пијат, што носат во главата, во душата па колку и да е таа потоната во темнина. Ова прашање не реторичко туку сосема суштинско, бидејќи секој човек доаѓа на земјата со светлина во себе, а како тогаш тие неможат да ја отпретаат светлината што од Бога ја добиле при нивното раѓање. Тоа е сериозен проблем на битисувањето кој го имаат.
Доколку веруваат во тоа дека во Македонија има режим и диктатура, неслобода и тоталитаризам, како „академски“ граѓани се надевам дека слушнале за Ганди и Мандела и дека може да им бидат добар пример. Но, убеден сум дека не е така, и со оглед на тоа им го препорачувам Ноам Чомски како добро четиво за отрезнување. Во втора фаза им препорачувам да се оцрковат и да побараат некој добар духовник заради душеспасителни чекори во борба против озлобеноста, а доколку сметаат дека сум пресилен во овие зборови и им ги навредувам атеистичките или ЛГБТ, богоборните им чувства, препорачувам добар психијатар пред да завршат во клиника поради пореметувања настанати како резултат на злобата која ги разјадува.
Својата изопаченост, злобниците ја демонстрираат и во односот кон Ректорот на УКИМ. Никако да се запрашаат дали можеби за 15-20 години и тие ќе бидат на местото на тие професори и како ќе се чувствуваат кога ним би им се обраќале на таков начин нивните помлади колеги студенти. Ниту младата логореична госпоѓица која се обиде професорот Стојковски како ректор да го вовлече во ступидна, бесполезна и правно неоснована расправа со цел да направи девалвација на личноста на стариот и новиот ректор на УКИМ и да ја дезавуира и исмее седницата на Сенатот, за да може потоа нејзините ментори да манипулираат со зборовите и состојбите како што и го прават, неможе да ја смени сликата за злобниците и да ги претвори во личности со отворени срца и души, миротворци и племенити академски граѓани.
Тука е и оној портпаролот опозициски што се радува како „ѓавол на штета“ кога некаде некој и поради незнам кој причини (читај кодошки претстави) ќе и наштети на Македонија. Човекот како напримерда живее во Белгија кај неговото другарче со мачките, па не го интересира Макеоднија, а види чудо зема плата во македонското собрание и со таа платичка си зема кредитче од цирка 200.000 евра за да си купи два стана. Потоа во Македонија лошо се живеело, а тој како и „секој сиромашен граѓанин“ како што милува да каже си зема кредит на дваесет и нешто години за да ги врати 150.000 евра со камата разбира се веројатно во Комерцијална банка со повластувања.Во меѓувреме, онака демократски ја прекинува конференцијата за медиуми на неговиот собраниски колега од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев и во својот скап автомобил си заминува демонстрирајќи и на македонскта јавност врвна култура, демократија, посветеност кон татковината и уште неколку доблести кои не ги поседува. Покрај радоста што на Македонија од необјаснети причини ЕУ и одзела 27 милиони евра, пари планирани за капитални инвестиции, доблесното озлобено портпаролче никако да даде коментар за тоа што тие изградија во нивните мандати (1992-1998 и 2002-2006) кои комотно ги тераа непопречувани на вака антидржавен начин иако направија многу недемократски упади во македонското општество и неколку бомбона бизниси. Спротивно, човекот многу љуби да се занимава каде е Груевски дури и кога не е премиер, по се изгледа дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им претставува ноќна мора и тоа затоа што и кога не е премиер наметнува темпо на работа кое тие ни во сон неможат да го достигнат, а тоа многу ги нервира и уште повеќе ги озлобува, бидејќи Груевски им воведе нови стандарди кои граѓаните ги препознаваат и почитуваат, а Заев кутриот неможе да се отплетка од сопствените валканици, но затоа со задоволство би ја зграпчил власта на секој можен начин па дури и на штета на Македонија. Каде не е премиер, Груевски уште и патува како секој нормален човек и замисли разгледувал продавници, а д можеби портпаролчето не мисли дека треба и леб да не купува Груевски или ова е уште еден изблик на исфрустрираност што нивото СЈО и покрај сите местенки не успеа да му го одземе пасошот, па сега Груевски и приватно и во својство на партиски лидер може да патува и изворно да сведочи и да ја објаснува состојбата во Македонија пред меѓународната јавност и нашите пријатели во светот. Со оглед на тоа колку опозицијата и оние професионалните протестирачи се озлобени не само што би му забраниле да патува макар и приватно, верувам дека би сакале да го уморат со глад и притоа би се веселеле и ликувале како да направиле незнам какво епохално дело што впрочем е нивен стил на деструкција и резултат на нивната злоба. Колку што може да се сетам, никој не прашува каде е тоа Заев или каде кутриот патува за свои приватни или партиско-кодошки потреби или можеби тој илегално ја поминува границата. Впрочем Заев аболицираниот и поддржаниот од СЈО кој сеуште не одговара за сторени кривични дела кои се во постапка и никако да завршат нема ниту срам ниту перде, а за волја на вистината нема ниту капацитет да изроди некоја позитивна идеја, така што со својата безидејност и неинвентивност само ја засилува злобата кај оние што за него протестираат, а верувам дека се подготвени и него да го изедат доколку не ги остварат своите и на својот наредбодавец целите што нивната фрустрација ќе ја претвори во оган што и Заев и СДСМ и портпаролчето ќе ги пеплоса.
Колку и да се озлобени злобниците, како Македонија да не е нивна татковина и да ликуваат врз секоја штета која ќе ја има државата, тие неможат да го скршат духот на мнозинството во Македонија. Македонските граѓани знаат кој е озлобен, го препознаваат тоа по основ на својот природен интелект и искуство, а Македонија ќе најде доволно средства за да ги заврши сите капитални инфраструктурни проекти за срам на сите злобници домашни и странски. Може да се закануваат и со ММФ и со други меѓународни финансиски институции, но токму тоа е нивниот проблем, идејата на ВМРО-ДПМНЕ е во самофинансирањето на Македонија од внатрешните средства и нивно вложување во инфраструктурата. Тоа е добра идеја која јас како лаик за економија неможам да ја детализирам и објаснам, но ги гледам и чувствувам ефектите од таквата економска политика.
Нивен е изборот, дали ќе продолжат да се трујат со злоба, да ја загадуваат непосредната околина, да го замајуваат народот со лаги и измислици и да тонат во сопствената кал се додека потполно не потонат, или пак ќе се преумат за да си олеснат себеси пред се.
Да не бидам погрешно разбран, јас не ги повикувам да ја променат својата политичка идеологија, тоа е нивно право и го почитувам, нивно право е да не се согласуваат со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е добро, едноставно ги повикувам да се обидат да го најдат доброто во себе, да не бидат злобници, мрачни души, да не се закануваат, да престанат да исфрлаат горчина, да застапуваат погрешни вредности кои во македонското општество многу тешко или никако нема да поминат. Тоа се нарекува преумување, тоа го отвора умот, го внесува човековиот ум во смирение, а тоа отвора можност за здраворазумско однесување, инвентивност и идеи кои ќе донесат позитивност.
Злобата, озлобеноста е болест на душата, умот и срцето и колку повеќе се одложува нејзиното лекување, последиците се се потешки, а во краен степен и драматични како врз самата помрачена душа (човек), така и по околината, но најповеќе по самиот човек кој во себе носи злоба и темнина. Тие последици болниот од злоба ќе ги чувствува многу долго дури и целиот свој живот.
Постои лек за озлобеноста, тоа е барањето духивна помош и тоа Светата  Православна Црква многу убаво го дефинирала како резултат на Богооткритието и милениумското искуство во нејзината борба против злото на овој свет. Сепак тоа не е насилен пат туку доброволно отворање на срцето, а за мнозина тоа е тешкиот пат, да се спознаат самите себеси, бидејќи борбата против себеси е најтешка и постојана, трае целиот наш живот.
Ви советувам на сите погоре споменати кои ќе се препознаете, како и оние кои сериозно секојдневно се преиспитувате што барате на некакви си протести водени од неидентификувани случајни ликови кои се нарекуваат „левица“, а всушност се анархисти поттикнати од злобници, да размислите за својата состојба и за тоа дека енеопходно што побргу да го побарате лекот против злобата. Впрочем, како што и погоре напишав. Доколку несакате да се потпрете на Божјата помош тогаш Ве замолувам побарајте стручна лекарска помош пред да биде доцна за Вас и вашата околина.
Македонските граѓани низ историјата издржале многу злобници па ќе ги издржат и погоре споменатите, но сепак и тие се наши сограѓани помалку или повеќе изгубени или заблудени. Додека им помине лудилото манифестирано со злоба ги замолувам да побараат помош пред да влезат во фазата на тотална и себедеструкција од која тешко може да се вратат назад. Прочка и помирување секогаш може да има, само потребно е да остават доволно простор за тоа кај самите себеси, а помош ќе добијат секогаш кога ќе ја побараат, затоа што се работи за човечки битиа, Божји созданија, колку и да тоа несакаат да го гледаат или да си го признаат.
Оној ЛГБТ типот кој урла како божем да е мајмун, а не човечко битие, не е доказ и потврда на Дарвиновата теорија на постанокот, туку ни потврдува дека и тој е човек создаден по ликот божји, но човек кој длабоко потонал во темнината на овој свет и тоа во многу аспекти. Оваа истото може да го потврдиме и за сите погоре споменати егземплари на злобници со најразлични секвенци од нивното однесување, но за тоа друг пат.
На денот на Св.Наум Охридски Чудотворец, кој лекува демонообземени, со почит и поклон кон неговата светост, по неговите молитви пред Христа Бога за сите нас.
 
Доцент д-р Оливер АндоновЗлобата или озлобеноста, зависта, омразата, бесот, тоа е една иста состојба на паднатиот дух и никој не е имун на тоа, особено во состојба кога нем

loading...