Ако мислевте дека не постои нешто што може да се карактеризира како премногу мастурбирање, се измамивте. Еве ги случаевите во кои мастурбацијата е штетна, а не корисна појава.1. Мастурбирате до точка во која се повредуватеНе постои оптимален број за мастурбирање во текот на неделата. Некој тоа го прави почесто, некој поретко. Но, ако на подрачјето на гениталиите почувствувате болка и ако постојат видливи знаци на повреди, знајте дека со таа активност се занимавате премногу често. 2. Чувствувате потреба за повторна мастурбација?Некои луѓе потполно несвесно мастурбираат во серии, но не поради физичка убавина, туку поради опуштање и психолошко олеснување. Ако забележите дека и се потпирате на мастурбацијата кога сте нервозни, знајте дека ја користите за да избегнете болни емоции, а тоа не е добро. 3. Претераното мастурбирање влијае на врскатаНезависно од тоа дали сте во врска или не, мастурбирањето може да ве одвои од партнерот или партнерката ако сте во врска, но и од потенцијалните врски ако сте сами. Зошто? Затоа што на тој начин се повлекувате во сопствен свет и си создавате чувство дека на некој начин сте си доволни сами на себе.
4. Не се чувствувате добро во сопствената кожа, а тоа чувство ја засилува мастурбацијата? Дали сте повеќе во допир со самите себе и сопствената сензуалност додека мастурбирате? Или можеби се чувствувате осамено и неповрзано? Ако по мастурбацијата се чувствувате осамено добро размислете за својата емотивна состојба. 5. Се срамите од самите себеЧувството на срам може да биде разочарувачко, а доаѓа од разни причини кога мастурбирате. На пример, поради верски уверенија или социјални норми. Пробајте да го разрешите проблемот со срамот од самите себе, бидејќи тоа ќе ви го подобри квалитетот на животот. 6. Мастурбацијата ве контролира Вас, а не Вие неа Како и многу други убави работи во животот, и мастурбацијата може да предизвика зависност. Ако не можете да престанете да мастурбирате кога ќе одлучите, зависни сте. Ако доцните на некој важен договор, но сеедно набрзина сакате да се задоволите, зависни сте.
7. Опсесивно размислувате за мастурбирањеАко голем дел од денот го посветите на мастурбирање, бидете сигурни дека нешто не е во ред. Опсесивноста од било кој вид никако не е добра. Размислете за тоа да превземете конкретни чекори за да си помогнете.1. Мастурбирате до точка во која се повредуватеНе постои оптимален број за мастурбирање во текот на неделата. Не