Знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерува

Кога ќе се потврдат сомнежите за неверство, тоа вообичано ја уништва довербата која ги држела партнерите заедно. Но самиот сомнеж дека партнерот има љубовница не е доволен. Пред да разговорате за неа, размислете дали забележувате некои знаци на предупредување. Ако добиете потврда дека вашиот партнер ве изневерува, секако размислете дали тоа е дефинитивно крај на вашиот однос и ако е да, почнете да ја прифаќате одлуката за прекин со сите последици.
Одеднаш вие сте виновни за се
Единствен начин за партнерот да го совлада чувството на вина поради љубовна афера е да ја префрли вината на вас, бидејќи не сте добри спрема него. Ако одеднаш започне за се да ви забележува, се жали дека не го разбирате и не реагирате како сака, можно е нешто да сокрива.
Се повеќе случувања и дружба со клиентите
Партнерот или партнерката велат дека новата функција која ја добиле на работа е поврзана со чести патувања и заглавување долго во ноќта. И не е добро да му се јавувате во хотел или ресторан, бидејќи цело време ќе биде со клиенти. Па уште вели дека тој ќе ви се јави од бесплатен телефон.
Нови кредитни картички и тајна сметка
Ако партнерот извади нова кредитна картичка на која не сте поврзани и не можете да ги видите месечните трошоци, тоа е знак дека троши пари на работи кои ги сокрива од вас. 
Диета, теретана, младешки дух
Сопругот или сопругата одеднаш се истрајни во диетата, се запишуваат во теретана, почнуваат да трчааат два-три пати неделно како да сакаат да се вратат во младоста. Постои можност нешто да се случува, обрнете внимание како партнерот вообичаено се однесува.
Зарем навистина е крај?
Ако на помислата со моментниот партнер да останете до крајот на животот ви помина „еза“, тоа е најјасен знак за прекин. Исто е, ако сте дознале дека сте изневерени, да не можете да му простите, па дури и ако сте се обиделе да ги решите проблемите во брачно советувалиште
Одеднаш нема време за заеднички годишен одмор
Ако партнерот одеднаш не може да го усогласи годишниот одмор со терминот кој порано сте го договориле и галантно ви предложува да одите сами со децата и да ви се придружат родителите и тоа се повторува неколку викенди, значи дека го чисти теренот.
Полн е со сочувство, а бега од допири
Партнерот кој изневерува постанува неверојатно сочувствителен и полн со разбирање кога ќе кажете дека сте имале лош ден. Но за физички контакт, едноставно бега од вас.
Бракот пукнал и претходно, неверството е само знак
Неверството е само симптом, а не причина за проблемите и бракот во кој дошло до неверство се распаднал и претходно. За да се спаси бракот потребна е подготвеност и соработка на двајцата партнери.
Добро размислете што понатаму
Не се занимавајте со тоа кој е виновен и не дозволувајте да ве совлада бесот. Барајте што е најдобро и за двајцата. Не вртете се, радувајте се за она што е пред вас. 
Потсвеста најчесто го кажува името на љубовникот
Дали забележувате дека во разговор партнерот повремено изговара име на една личност и често ја наведува како пример. Можно е потсвесно да ја споредува со вас, а споменувањето на таа личност му дава моќ, односно му се чини дека тоа е мудро и така ништо нема да се посомневате.Кога ќе се потврдат сомнежите за неверство, тоа вообичано ја уништва довербата која ги држела партнерите заедно. Но са

Пронајдете не на следниве мрежи: