Значително подобрена патната инфраструктура во општина Берово во 2015 година

Во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици, општина Берово во 2015 година реализираше низа проекти преку кои значително беше подобрена патната инфраструктура на ниво на целата општина.Во оваа година, преку буџетот на општина Берово, но и со средства од Владата на РМ забележителен број на улици во Берово и селските населби добија нови ликови, а започнати се и неколку проекти кои продолжуваат со реализација во 2016 година, додека спроведени се постапки за реализација на уште неколку проекти од патната инфраструктура кои ќе започнат со реализација со започнување на градежната сезона.
Градежната сезона во 2015 година започна со изградбата и реконструкцијата на улиците „Даме Груев“ и „Неретва“ во должина од 720 и 480 метри, а паралелно со улицата „Даме Груев“ е извршена реконструкција и на улицата „Ленинова“.
Комплетно реконструирана беше и една од главните градски артерии „Страшо Пинџур“ како една исклучетелно важна сообраќајница која беше доста оштетена ина која е решен проблемот со атмосферските води преку прочистување и поставување на нови плочи како тротоарска површина на каналот кој минува покрај улицата.
Преку засебени проекти нов асфалтен слој доби и улицата „Цветан Димов“, а изградена е и улица во населбата Брдославица во должина од околу 700 метри со средства од Владата на РМ преку Агенцијата за државни патишта на РМ. Како заштитна мерка на улицата „Бел камен“ во Берово е изграден потпорен ѕид кој ја заштитува улицата и асфалтот од поткопување, додека улиците „11-ти октомври“, „Дамјан Груев“, „Страшо Пинџур“ и „Цветан Димов“ беа опфатени во проектите за изградба на тротоарски површини.
Покрај во Берово, во 2015 година се изградени и две улици во Будинарци и една улица во Ратево. Кон крајот на годината започнаа градежните активности за неколку инфраструктурни проекти меѓу кои се:
-Изградба на кружна раскрсница на влезот во Берово и
-Пробивање и изградба на ул.20 во населбата Ширината во Берово Завршени се и неколку постапки преку кои е планирано да се започнат градежни активности за реализација на проекти за кои се одобрени средства од Владата на РМ, меѓу кои се:
-Изградба на улица во Смојмирово од регионалниот пат Берово – Пехчево до црквата во селото, -Реконструкција на ул. „Маршал Тито“ во Берово од ЈПКР „Услуга“ до раскрсницата со ул.„Моша Пијаде“,
-Изградба на дел од ул.„Даме Груев“ во Русиново и -Изградба на втора фаза од локален пат Берово – Абланица.
Покрај овие проекти, во програмата за улици и патишта за 2016 година е предвидена реализација и на повеќе други проекти со што ќе се продолжи кон остварување на зацртаните цели на градоначалникот на општина Берово да се даде еден урбан изглед на градот и на селските населби со што бенефитот пред се би го имале самите жители на општина Берово.Во оваа година, преку буџетот на општина Берово, но и со средства од Владата на РМ забележителен број на улици во Берово и селските населби добија

Пронајдете не на следниве мрежи: