Знае ли Заев што зборува?

Зоран Заев продолжува со променливи ставови и изјави. Имено, тој имаше неколку променливи изјави во врска со неговиот став но и ставот на СДСМ по однос на името, кои се движеа од „свиткана кичма” и „име со географска одредница”.Притоа, деновиве повторно Зоран Заев во само десетина дена два пати ги смени ставовите во однос на ова најзначајно и суштинско прашање за граѓаните, нацијата и државата, покажувајќи дека СДСМ нема јасна позиција за ова и го користи ова сериозно прашање во дневни игри и според моментални перцепции и потреби.
Последната од многуте промени на ставови во врска со името на нашата земја се случи деновиве. Во само десетина дена Зоран Заев даде две спротивставени изјави една на друга во однос на прашањето за името. Најпрво тој истакна дека за СДСМ енеприфатливо име Горна, Северна или слично за Република Македонија, за потоа да заборави на овој свој став, директно и лично да се демантира и да го порекне претходниот став, да ја промени својата позиција и став и да каже дека имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување.
Имено, во интервју за Радио Слободна Европа дадено на 20 октомври 2013 година, Зоран Заев меѓу другото одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на СДСМ за името ќе каже:
-Јас мислам дека за нашето име не може да се зборува вака, Горна, Северна или што било. Јас сум Македонец, јас ги имам истите корени како секој Македонец, моето семејство има намера да опстојува како Македонци во оваа земја и нема да дозволам ни повеќе ни помалку од кој било свесен, трезвен, родољубив Македонец да се отстапи од нашите позиции. Затоа лицитирањето со вакви предлози за мене е апсолутно неприфатливо и кога некои наши поддржувачи или поединци го споменуваат ова прашање, тоа не е став на СДСМ. Нашиот став по основ на ова прашање секогаш јасно го кажуваме, дали тоа било прифатливо или не, име вакво, Горна, Северна или слично за Република Македонија, не, за нас е неприфатливо, изјави Заев.

 
За само десетина дена истиот тој Зоран Заев на 2 ноември во Струга како одговор на новинарско прашање во врска со прашањето за името ќе каже:
-Ние нема да дозволиме промена на нашето име, кое што ќе задира во нашиот идентитет, нашиот јазик нашата национална посебност. Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, изјави Заев.
Значи Зоран Заев и СДСМ во октомври имаат еден став за името, а во ноември Зоран Заев и СДСМ имаат друг став за името на Република Македонија. Во октомври за Зоран Заев и СДСМ е “неприфатливо име Горна, Северна или слично за Република Македонија”, а во ноември за Зоран Заев и СДСМ “имиња пред Република Македонија или било какви други формулации се за разгледување”. Ова е суштинска промена во позицијата и ставот на СДСМ! Да не е трагично, ќе биде извонредно многу смешно.
На овој начин со честите промени на ставовите и позициите во однос на прашањето за името СДСМ и Зоран Заев покажуваат дека во СДСМ ништо не се сменило. Честите промени на ставовите и позициите за ова најсуштинско и најзначајно прашање за нашата земја се константа и правило во СДСМ во целиот период на нејзиното постоење и делување, како и претходно под лидерството на Бранко Црвенковски, така и сега под лидерството на Зоран Заев.
Ако СДСМ ова го прави од опозиција и менува ставови за вакви суштински прашања може само да претпоставиме што би направиле од позиција на власт.  А после ваквите променливи изјави и ставови и позиции на Зоран Заев граѓаните со право се прашуваат, Знае ли овој човек што зборува?
КурирПритоа, деновиве повторно Зоран Заев во само десетина дена два пати ги смени ставовите во однос на ова најзначајн

Пронајдете не на следниве мрежи: