Во човечката природа е да се плашиме од смртта и тешко ни е кога зборуваме за неа. Меѓутоа можеби можеме да научиме да препознаеме кога ни се ближи смртта…Патриша Пирсон, новинарка и авторка на книгата „Opening Heaven's Door: Investigating Stories of Life, Death, and What Comes After“ ги опишува резултатите од своите истражувања на тема „преминување на другата страна“.
Се започнува 72 часа пред смртта.
Поради тоа што во рок од 9 недели ги загубив и сестрата и таткото, се посветив на истражување на она што се случува по смртта. Интервјуирав 10 луѓе кои професијата ги врзува со неизлечиви пациенти, како и оние со посебни искуства со луѓе кои се „вратиле од мртвите“.
Сфатив дека луѓето знаат кога се ближи клучниот час. Во периодот од 72 часа пред смртта, тие почнуваат да зборуваат во метафори за патувањето. Терминологијата навистина е различна, па така некои ги бараат своите чевли, други авионски карти а трети повторуваат дека сакаат да одат дома а всушност веќе се дома.
Во моментите додека лежеше на смртна постела мојата сестра која боледуваше од рак на дојката постојано повторуваше „јас не знам како да одам“ а дури започна да споменува и „несреќни стјуардеси“- раскажува писателката.
Болничарката Меги Каланан, наведува дека пациентите кои биле на смртна постела често поставувале прашања како „Дали мојата жена го зема пасошот“ или „Дали ги понесов картите“…
Мери дури сковала и посебен термин „свест за блиска смрт“ кој го користи во својата книга: развивање на специјална свест и потреби и комуницирање со оние од другата страна. Таа била во ситуација да негува многу луѓе на смртна постела.
Па така вели дека тие луѓе често имаат „визии“ или предвидувања за кои здравите личности веруваат дека се од јаките анелгетици кои пациентите ги земаат. Но дали е така?
Во една голема студија, се воспоставило дека голем број на пациенти се свесни еден час пред смртта и ги гледаат своите сакани кои веќе починале без оглед дали користат лекови или не.
Кога разговарав со пациентката Одри Скот (84) која умре од рак, таа ми раскажа дека во посета и доаѓа синот Френк кој инаку починал пред неколку години. -раскажува Мери.
Што мислите вие, дали луѓето може да претчувствуваат дека ќе умрат?Патриша Пирсон, новинарка и авторка на книгата „Opening Heaven's Door: Investigating Stories of Life, Death, and What Comes After“ ги о