Едно истражување, кое беше спроведено врз 50.000 испитаници ги даде следните резултати.Судејќи според резултатите од истражувањата на американските експерти, крвната група може да открие колкава е можноста да се разболите од одреден вид на болест.
Податоците од истражувањето на Националниот институт за здравје на САД, се собирани седум години и се темелат на примероците земени од 50.000 испитаници.
Се покажало дека лицата со крвните групи А, Б или АБ, имаат просечно девет отсто поголем ризик од смрт поради потешкотии со здравјето, отколку лицата со нулта крвна група.
Испитаниците од првата група, имале 15 отсто поголем ризик да искусат последици од болести на срце, отколку нивните врсници со нулта крвна група.
Оние со крвните групи А, Б или АБ, имале 55 отсто поголем ризик за смрт од рак на желудник, во однос на испитаниците со нулта крвна група.Судејќи според резултатите од истражувањата на американските експерти, крвната група може да открие колкава е можноста да се разболите од одреден в



