Знаете ли дека на мажите не смее да им се пресадува женско срце?

Иако трансплантацијата за тешко кардиоваскуларните болни претставува единствена шанса за живот, понекогаш и нема некоја голема доброта од неа. Мажите на кои им е пресадено женско срце имаат поголем ризик од смрт во првата година од операцијата. Во првото истражување од овој тип, научниците од Универзитетот Мериленд ги анализирале резултатите од 31 634 трансплантации на срце. Резултатите покажале дека мажот кому ќе му се пресади срце од жена има за 32 отсто поголеми шанси да не поживее со него подолго од околу една година од операцијата.

Моменталната пракса при барањето на донатор е задоволување на критериумите како што се: полот, висината, тежината и староста. Исто така, се зема во обѕир и физичката оддалеченост помеѓу донаторот и примачот, бидејќи срцето не смее да биде надвор од телото повеќе од 4 до 5 часа.
Проблемот не е во тоа што женското срце нема да чука во машко тело, туку во неговата големина. Срцата на жените се помали и нема да функционираат еднакво добро во поголемо тело. Поважна е големината на срцето, отколку самиот пол на донаторот. Во првото истражување од овој тип, научниците од Универзитетот Мериленд ги анализирале резултатите од 31 634 трансплантации на срце. Резултатите по

Пронајдете не на следниве мрежи: