Под пазувите има од 18-32 видови на габи, на тилот околу десетина, а најмногу ги има на стапалата и петиците. Токму поради тоа на базен и другите слични места добро е да носите папучиЧовечкото тело е преполно со различни видови на габи, но стапалата се сепак нивната омилена дестинација, според научниците од Истражувачкиот центар во Мериленд. Тие откриле дека на човечковите стапала живеат над 100 различни видови на габи, а повеќето од нив може да се најдат на петите, под ноктите и меѓу прстите.
Повеќето од нив се безопасни и покрај тоа што може да придонесат за непријатен мирис на стапалата, објаснуваат истражувачите . Тие анализирале 14 различни делови од телото на 10 здрави мажи, а примероци биле земени од ушниот канал, помеѓу веѓите, на тилот, позади ушите, на стапалата, на градите, препоните и лактот.
Добиените резултати покажаа дека разновидноста на габите варира од една до друг дел од телото, така што луѓето во просек имаат 18-32 различни видови на габи на пазувите, додека на тилот се само околу една десетина од нив.
Колку да е природно и нормално присуството на габите за човечкото тело, носењето на папучи на базен и другите слични места се препорачува, бидејќи мешање на видови на габи на стапалата со другите може да резултира со една непријатна инфекција, советуваат експертите.
извор:здравје и животЧовечкото тело е преполно со различни видови на габи, но стапалата се сепак нивната омилена дестинација, според научниците од Истражувачкиот центар