Знаете ли што се случува во вашиот мозок кога чувствувате страв?!

Business Insider пишува дека човек чувствува страв кога гледа или слуша работи кои би предизвикале да му се случи нешто лошо.Постојано кога се појавуваа нешто што ве плаши, без разлика дали е човек, предмет или звук тоа делува како стимуланс кој активира сигнал во вашиот мозок. Тој сигнал се испраќа во амигдалата – регија која се наоѓа во близина на центарот на мозокот.
Амигдалата создава хемикалија која се пренесува до други две регии во мозокот. Првата регија прави да се замрзнете во место или да скокнете. Овие реакции се автоматски бидејќи сигналот се испраќа длабоко во мозокот во регија над која човек нема речиси никаква контрола.
Вториот сигнал се испраќа до хипоталамусот кој пак го активира делот од нервниот систем одговорен за инстинктот за борба (тоа е она чувство кога добивате наплив да се одбраните себеси). Овој процес го зголемува срцебиењето и крвниот притисок, а воедно се создава адреналин кој се лачи во организмот. Она што го чувствувате во тој момент е страв.
Стравот се искусува во три фази:

 

1. Смрзнување.
Ова е одговор кој организмот го создал благодарние на еволуцијата. Тој треба да ве поттикне да се скриете од потенцијалниот предатор кој чувствувате дека е во близина.
2. Бегство.
Кога веќе сте забележани, адреналинот кој се лачи помага да побегнете побрзо.
3. Борба.
Ако не можете да побегнете истиот тој адреналин прави да се спротивставите или барем да се обидете да се спротивставите без разлика со што се соочувате.
Сепак организмот умее да препознае кога сте реално во опасност, а кога сте се исплашиле заради некоја страшна хорор сцена на пример (нереална опасност). Во вториот случај лачењето на адреналинот се намалува, а биењето на срцето се враќа во нормала. Затоа кога гледате хорор филм организмот не се преплавува со адреналин. По првичната реакција, организмот сфаќа дека опасноста не е вистинска.
Извор: КајганаПостојано кога се појавуваа нешто што ве плаши, без разлика дали е човек, предмет или звук тоа делува како стимуланс кој активира сигнал во вашиот

Пронајдете не на следниве мрежи: