Знаете ли зошто кулата во Пиза е крива?

Вистинскиот одговор не го знае никој. Се разбира, кога е градена никој незнаел дека ќе се накриви.Градена е како камбанарија, на блиската црква. Започната е во 1174, а завршена во 1350.
Самата кула е вистинско чудо. Целата е изградена од бел мермер. Има 8 ката а е висока 59 метри, што претставува височина на една 15 катна зграда.
Основите на кулата се поставени во песок и можеби затоа се накривила. Не се накривила одеднаш, туку почнала да се криви кога биле изградени три ката или „галерии“.
Затоа планот е нешто изменет, но градбата продолжила. За последните 100 години кулата се накривила за уште 30 сантиметри. Според мислењето на некои стручњаци би требало да се вика „Кула која паѓа“ зошто веруваат дека на крајот ќе се урне.

На исправањето на Кулата работел меѓународен тим од инженери, математичари и историчари. По реставрациите во 1990 и 2001, Кулата се исправила за 45 см и е „вратена“ на 3,9 степени. Со оглед на висината, ова значи дека врвот на кулата отстапува од нормалата за 3,97 метри.
Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно.Градена е како камбанарија, на блиската црква. Започната е во 1174, а завршена во 1350.
Самата кула е вистинско чудо. Целата е изградена од

Пронајдете не на следниве мрежи: