Зоран Заев е единствениот аболициран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, а СДСМ е единствената партија предводена од лидер кој е спасен од одговорноста за организиран криминал и корупција.Затоа единствена цел на СДСМ е деструкција и блокирање на било каква реформа, унапредување на образовниот процес, вклучително и борбата против корупцијата во образованието, а особено во високото образование.
Затоа СДСМ застана против расчистувањето на барањето поткуп по факултетите, затоа СДСМ е против воведувањето на вистинските вредности во образованието, преку процесот на екстерно образование, каде знаењето добива вредност, а не се ценат врските и богатството на учениците.
СДСМ и со денешната прес конференција потврди дека немаат конкретни мерки и проекти кои можат да ги понудат во насока на унапредување на образованието. Нивниот “најголем експерт“ во образованието и денес зборуваше за укинување и прекинување, што е само потврда на деструктивната политика која СДСМ ја води.
СДСМ не можат да се помират со фактот дека токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки и проекти со цел македонското образование да го издигне на ниво на европското. Таква мерка е и екстерното образование. Овој процес се имплементира во најголем број од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД. Тоа очигледно им е непознато на експертите во СДСМ кои се навикнати на системот во кој вредностите, знаењето и трудот не важеа за децата на функционерите и богаташите на СДСМ, туку за нив функционираа врски и потплаќањето.
Ги разбираме СДСМ зошто се нервозни. Сега сите се еднакви и се оценуваат според нивните способности, а не според името и парите.
Затоа единствена цел на СДСМ е деструкција и блокирање на било каква реформа, унапредување на образовниот процес, вклучително и бор