Зоран Заев и Катица Јанева во договор за непредавањето на 600.000 разговори?

Неделникот Фокус кој во јавноста важи како партиско гласило на СДСМ, преку кое најчесто социјал-демократите индиректно ги пласираат своите ставови, ја пренесува тактиката на партијата во врска со непочитувањето на својот дел од обврските од договорот од Пржино.Предавањето на материјалите Фокус го поврзува со преземањето на предметот „Пуч“ од страна на Катица Јанева.

Според Фокус, што значи и според СДСМ, со преземањето на „Пуч“ се отворала можноста Верушевски и Лазаревски да излезат од притвор.

Тоа што е веројатно договорено меѓу Катица Јанева и Заев, а што го најавува Фокус е дека според нивните информации, СДСМ прво ќе почека да види како Специјалното јавно обвинителство ќе се однесува кон притворените, односно дали притворот ќе го замени со алтернативна мерка, а потоа ќе ги предаде материјалите.Предавањето на материјалите Фокус го поврзува со преземањето на предметот „Пуч“ од страна на Катица Јанева.

Пронајдете не на следниве мрежи: