Зоран Заев не е пожелен во Велес поради сите лаги и нереализирани ветувања на СДСМ во нашиот град

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес (18.03.2016), во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес, при што се обрати г. Петре Саздов. 
Граѓаните знаат и добро паметат дека Велес во времето на СДСМ од град на индустријата стана град на невработеноста и сиромаштијата. СДСМ ги распарчи најголемите фабрики во градот и остави илјадници наши сограѓани без работа. Рекордни 16.912 невработени лица остави СДСМ во Велес.Раководството на СДСМ поставуваше роднини за судии и стечајни управници, за потоа фабриките во Велес преку стечајни постапки да ги добијат луѓе блиски на СДСМ.
Криминална приватизација што ја спроведоа направи пустош во стопанството и стави катанци на многу фабрики. Народот се сеќава како СДСМ ја пропадна фабриката Порцеланка и ги тепаше работниците само затоа што си ги бараа сопствените плати. Народот се сеќава и на уништувањето на фабриките Свилара, Лозар, Брако, Графичар, ВелесПром, Интернационал, Транс Велес, ХИВ, ГП Бетон, ГП Пелагонија и ГП Младост. Велешани се сеќаваат и на бизнис дружбата на Зоран Заев со Киро Камчев кога заедно го имаа мнозинскиот пакет акции во фабриката Киро Ќучук и со години се поигруваа со судбината на вработените во фабриката.
Зоран Заев не е пожелен во Велес поради сите лаги и нереализирани ветувања на СДСМ во нашиот град. Ветуваа и излажаа дека ќе донесат 90 милиони евра странски инвестиции во Велес. Ветуваа и излажаа дека во фабриката за шински возила „Колска“ ќе го донесат францускиот инвеститор Лор. Пред избори го ветуваа и проектот за т.н „Шведско село“ во Караслари. Го лажеа народот и дека ќе вработат по еден човек во секое семејство. Во 1994 година ветуваадека ќе го изградат автопатот од Велес до Прилеп. Излажаа и за овој проект, а истата лага повторно ја ветуваат и денес.
Почитувани,
Велешани најмногу пропатија од деструктивната политика на СДСМ.
Лагите и пустошот што зад себе го оставија во 20 годишното владеење повеќе не поминуваат во нашиот град. Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев се минато за Велес.
Иднината на Велес се успешните проекти коисе реализираат икои градот го носат напред: 
– Фабриката на германскиот Маркарт која неодамна се отвори и досега вработи околу од 200 велешани, а во наредниот период ќе вработи уште 400 луѓе;
– Новата инвестиција од 31 милиони евра на индиската групација БРГ за рестартирање на фабриката Порцеланка и вработување на 1.000 лица;
– Инвестицијатаод 1,1 милиони евра на компанијата „Еуро Брик“ за рестартирање на производството во фабриката „Киро Ќучук“;
– Новите инвеститори кои ги купија сите плацови во индустриската зона Караслари и индустриската зона Речани 2 за изградба на производствени погони за лесна и незагадувачка индустрија;
– Новата индустриска зона во Мамутчево која со 43 хектари ќе биде најголемата зона за производство во нашата општина;
– Владините проекти „Македонија вработува“преку кој во Велес се вработија повеќе од 200 лица и проектите за самовработување и отпочнување на сопствен бизнис кои ги искористијанад 700 наши сограѓани и правни лица;
– Реконструкцијата на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 километри;
– Реконструкцијата на патот Велес-Штип во должина од 24,3 километри кој од претходните 6,4 метри прераснува во брза магистрала со широчина од 11,1 метри;
– Целосната реконструкција на мостот Гемиџии која се заврши во рекорден рок од 7 месеци;
– Набавката на новите патнички возови и реконструкцијата на железничката станица во Велес за првпат по 42 години;
– Изградбата на новата зграда на велешкиот театар;
– Изградбата на хидросистемот Лисиче со кој се реши водоснабдувањето во Велес;
– Санацијата на свлечиштето Рамина за која инвестирани беа 1,5 милиони евра;
– Реконструкцијата на Општата Болница во Велес и Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново и набавката на модерна медицинска апаратура; 
– Реконструирани се и сите училишта во градот.
Господа од СДСМ, додека вие бевте на власт сѐ беше зачмаено! Го тргаме сивилото што вие со години го создававте!Во Велес почна да се работи и гради!
Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тоа Велешани го гледаат и го знаат!
Денешните средби на Зоран Заев во Велес наместо граѓански ќе бидат партиски збиранки и дружби помеѓу него и неговите послушници. Велешани ќе го одминат Зоран Заев и ќе го остават да се смешка и тапка по рамо со неговите сопартијци кои во ист состав ќе го следат од Сармаале до Авона. Денес заедно со Заев по велешките улици ќе парадира истата група луѓе која до пред само неколку години парадираше со неговиот ментор Бранко Црвенковски. Истите луѓе кои ги гледаме повеќе од 20 години во нашиот град денес ќе трчкаат по ннајголемиот слуга и послушник на политиките на Бранко Црвенковски и пустошот кои тие политики го оставија во Велес.
 
  
Граѓаните знаат и добро паметат дека Велес во времето на СДСМ од град на индустријата стана град на невработеноста и сиромаштиј

Пронајдете не на следниве мрежи: