Зошто е убаво да се има постара сестра?!

Имате ли и вие постара сестра?!Сестрите и браќата се нашите најдобри и најискрени пријатели, во кои секогаш можеме да имаме доверба.
На што ќе ве научи вашата постара сестра и како ќе ви помогне во животот нејзиното искуство и нејзините достигнувања?!
1. Љубовта и омразата се само две страни од медалот и дека некого можете да го сакате и мразите во исто време. Постарата сестра ви е „се“, но некогаш можете смртно да и се налутите.
2. Имате прилика да гледате и учите што значи созревањето дури и пред вие сами да созреете и пораснете.
3. Љубомората може да претставува дивеење. По долго време, ќе сфатите дека не сте биле ниту љубоморни, ниту лути на вашата сестра, туку премногу горделиви.
4. Таа нема да избира зборови за да ви укаже на грешките. Нема да се воздржува за да ви каже што навистина мисли.
5. Споделувањето со неа ја зголемува радоста.
6. Ќе научите што е безусловна љубов. Сестрата се сака онаква каква што е.
7. Ќе умеете да го гледате најдоброто во друга личност.
8. Ќе сфатите дека можете да простувате. Сестрите го тестираат вашето трпение до таа мера што на крајот ќе бидете изненадени од сопственото ниво на толеранција.
9. Поради неа би отишле до крајот на светот, и тоа со насмевка на лицето.
10. Ќе ве научат да се сложувате со некој што ве полудува.
11. Ќе станете најдобри преговарачи во моментите кога ви треба нешто.
12. Ќе умеете многу вешто да се смирувате по кавга.
13. Ќе сфатите дека имате рамо на кое можете да се потпрете во тешките моменти.
14. Ќе научите дека е едноставно невозможно да се заборават сите лоши работи кои сте ги рекле или направиле во минатото. Во текот на некои нови конфликти, таа ќе се сети на уште некои работи за кои може да ви префрли.
15. Низ годините ќе развиете систем да се правите глуви на сите несакани совети за мода, фризура, убавина…Сестрите и браќата се нашите најдобри и најискрени пријатели, во кои секогаш можеме да имаме доверба.

Пронајдете не на следниве мрежи: