Сте се запрашале ли некогаш зошто вашето куче сака да ги крие коските што му ги давате? Понекогаш ваквото однесување може да биде здодевно, а посебно кога местата за криење се вашата градина или под перниците на троседот. Но, зад оваа палавост се кријат оправдани причини.Многу од животинските видови ја закопуваат храната, како на пример извесни видови на птици и верверички, кои се познати по своето неверојатно помнење и способноста да најдат скриени предмети. Овие видови внимаваат да ја закопаат храната во потоплите месеци од годината, за да ја откопаат во зима кога потешко се наоѓа храна.
Некои кучиња го имаат истиот нагон, односно да ги закопуваат омилените јадења за да ги зачуваат за подоцна. Ваквото однесување можеби се развило заради силниот инстинкт на преживување наследен од дивите предци. Кучињата, како што сите знаеме, потекнуваат од дивите кучиња и волци, што живеат во чопори и соработуваат во соборувањето на поголем плен. Кога има многу храна, волците се гостат и по неколку дена. Но, штом храната е изедена, волците може со денови да не најдат храна, па затоа, понекогаш индивидуално ловат помал плен, како на пример, зајакот. Но ваквиот оброк не е доволен за да овозможи енергија за наредните денови, па оттаму и навиката да се зачувува калорична храна за подоцна. Волкот што ќе успее да се сети каде ја сокрил храната, има поголеми шанси да ја преживее зимата.
Оваа особина ја имаат и домашните кучиња. Иако никогаш не смеете да му давате на кучето вистински коски, бидејќи кучето може да се повреди, многу кучиња уживаат во криењето играчки за џвакање. Тие понекогаш ги закопуваат овие „коски“ или други предмети што за нив се вредни, како на пример, играчките или пак обувките и облеката на сопственикот. Тие кријат се што им е интересно и што сметаат дека повторно ќе го користат. Затоа, ако вашето куче ги крие предметите низ домот, имајте на ум дека тоа го прави со добра намера.Многу од животинските видови ја закопуваат храната, како на пример извесни видови на птици и верверички, кои се познати по своето неверојатно помне



