Зошто не ви успеваат врските?

Вашите пријателки се во долги, стабилни врски, а вие никако да го најдете вистинскиот бидејќи секогаш нешто преминува во погрешен правец? Еве неколку можни причини поради кои врската не ви успева:
На сите им се доверувате
Нормално да им се пофалите на пријателките дека имате ново момче, можеби и да им раскажете некои детали од вашата врска, но ако на сите им го прераскажувате секој детаљ од вашата врска, тоа сигурно нема да му се допадне на вашиот партнер. Вашата врска се однесува на самите вас, не мораат сите баш се да знаат.
Премногу барате
Мора да биде висок 193cm, да има кафеава коса и да сака се што сакаш и ти. Знаеме дека секој од нас има критериуми околу тоа како треба да изгледа неговиот партнер, но ако имате точни спецификации како би требало да изгледа вашето момче, со кого би требало да се дружи и како би требало да се однесува, нема да бидете задоволни со ниту еден од нив.
Напорна сте
Порака наутро, повик после пораката, па уште една порака пред ручек, дефинитивно после неколку пораки попладне и уште една пред спиење… Вас можеби ви изгледа дека на тој начин му покажувате дека ви значи, него тоа му изгледа како да сте му го одврзале ременчето околу вратот, и го напнувате со секоја следна порака. Неморате да се однесувате како да не ве интересира, но пуштете го тој прв да ви се јави, барем понекогаш.
Зборувате за бившиот
Постојано. Секој ден во секоја можна ситуација. Не треба да глумите дека сегашниот партнер ви е прво момче, но ако секогаш секоја негова завршена работа ја споредувате со тоа како таа задача ја извршувал вашиот бивши партнер без разлика дали е добро или лошо, ќе делувате како да сакате навистина да бидете со вашиот бивши. Замислете вашиот партнер постојано да зборува за неговата бивша девојка. Не би ви било баш пријатно, зар не?
Следете ги советите и ќе имате одличен успех во врската.Вашите пријателки се во долги, стабилни врски, а вие никако да го најдете вистинскиот бидејќи секогаш нешто преминува

Пронајдете не на следниве мрежи: