Зошто некои жени сакаат „кретени“?

Ако имате впечаток дека девојките (се разбира, не сите) сакаат „кретени“, не сте далеку од вистината. Најновото австралиско истражување потврди дека жените „паѓаат“ на мажи кои имаат нарцисоидни особини. А веруваме дека ќе се согласите, „лошите“ момци, имаат многу вакви особини.Ако имате впечаток дека девојките (се разбира, не сите) сакаат „кретени“, не сте далеку од вистината. Најновото австралиско истражување потврди дека жените „паѓаат“ на мажи кои имаат нарцисоидни особини. А веруваме дека ќе се согласите, „лошите“ момци, имаат многу вакви особини.
Но, нарцисоидноста не е она што всушност ги привлекува жените, туку особината што ги привлекува е самодовербата.
Истражувачите анкетирале волонтери за да ги одредат нивните особини, а потоа ги пратиле на неколку „брзи љубовни состаноци“ (speed date). По секој состанок, жените требале да одлучат дали сакаат повторно да се видат со оној со кој излегле.
Се покажало дека многу позаинтересирани биле девојките кои излегле со мажи со нарцисоидни ообини, како на пример суетата и желбата секогаш да бидат во центарот на вниманието. Сепак, резултатите и не се толку трагични: Многу повеќе отколку со суетните и со желните за внимание, жените сакале да излезат со момци кои се отворени и дружељубиви.
„Тоа значи дека привлечноста што жените ја чувствуваат кон нарцисоидните типови произлегува од нивната дружељубивост, а не од нарцисоидноста“, велат истражувачите.
Имено, нарцисоидните личности често оставаат добар прв впечаток бидејќи се дружељубиви, започнуваат комуникација со другите и се надеваат дека ќе ги импресионираат и така ќе го добијат толку посакуваното внимание. Заради тоа нарцисите изгледаат толку шармантни кога ќе ги запознаете.
Сега следи оној дел кој треба да ги израдува добрите момци: Нарцисоидните личности стануваат се помалку привлечни кога ќе ги запознаеме бидејќи на виделина излегуваат егоизмот, суетата и претераната желба за натпреварување.
„Заборавете на идејата да се однесувате како „кретен“ кон жените. Наместо тоа, поработете на самодовербата и отвореноста“, советува авторот на истражувањето, психологот Емануел Јаук.Ако имате впечаток дека девојките (се разбира, не сите) сакаат „кретени&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: