Прочитајте зошто токму пишувањето не прави попаметни.Во денешно време, технологијата ги прави работите побрзо и полесно. Поштата беше премногу бавна, па го измисливме телефонот. Зборувањето на телефон стана многу скапо, па го измисливме куцањето на пораки. Куцањето на пораки почна да одзема многу време. Сега можете да му кажете на вашиот паметен телефон и тој сам ќе испрати порака. Телефонот, не мора воопшто да го пуштите од раце. Повеќе технологија е еднакво на побрзо општество.
Но, дали овој вид на брзина ни помага во процесот на учење?
Денес, факултетите, средните и основните училишта, па дури и забавиштата се исполнети со компјутери. Повеќето студенти и ученици можат да искуцаат целосна лекција на час, збор по збор, без никаква тешкотија. Некои дури и ги снимаат лекциите, за да можат после да ги слушаат.
Но, сето тоа, всушност го забавува мозокот.
Кога запишувате забелешки рачно, невозможно е да ги запишете сите зборови кои ги предава професорот. Мозокот ги бира најважните информации од лекцијата. И ако пропуштите нешто и не сте го запишале? Тогаш мора да поставите прашање, бидејќи не сте успеале да го запаметите зборот. Овој процес ги цементира идеите во вашата глава.
Денешната технологија е вистински револуционерна. Но, можеби во име на знаењето, треба сепак да се вратиме назад и да ги земеме пенкалото и хартијата во раце.Во денешно време, технологијата ги прави работите побрзо и полесно. Поштата беше премногу бавна, па го измисливме телефонот. Зборувањето на телефон



