Зошто почесто треба да го јадете ова овошје?!

Го сакате и уживате ли во авокадото? Треба да знаете дека тоа има неколку добри страни и можеме да го користиме и за третмани за убавина.Како да одбереме авокадо? Во продавниците најчесто може да се купи авокадо со танка и глатка зелена кора и кремасто бледозелено месо внатре. Во дуќаните обично се носи незрел и тврд плод за да не се оштети во транспортот. Зрел е ако е мек на допир. Не купувајте авокадо ако кората му е оштетена и има темни дамки. Незрелото авокадо ќе дозрее за три до пет дена, а зрелото овошје може да го чувате во ладилник најмногу една недела. Ако го покапете со лимонов сок, можете олупено и исецкано на парчиња да го чувате во затворен сад до два дена. Замрзнато пире од авокадо, исто така попрскано со неколку капки лимонов сок, во замрзнувач може да стои до пет месеци.
Авокадото има повеќе калиум отколку бананата: Еден авокадо има 975 милиграми калиум, а бананите, кои се познати по високото ниво на калиум, имаат за половина помалку односно 487 милиграми.

 
Како созрева побргу? Жолтото овошје како бананите или жолтите јаболка испуштаат етилен гас кој помага за побрзо созревање. Ако сакате авокадото побрзо да созрее ставете го во хартиена кеса заедно со банана или жолто јаболко.
Може да се користи како замена за путер: Кремастата текстура на авокадото и здравите масти кои ги содржи го прават погодно за печење на одредени слатки во случај да ви недостасува путер. Не е погоден за печење на мафини, но одлично може да послужи за печење на кекси со парченца чоколадо, леб од банани или познатите brownie коцки.
Третмани за убавина: Антиоксидантите и аминокиселините  во авокадото се идеални за нега на вашето тело. Може да помогне во опоравување на оштетена коса, да ја хидратизира сувата кожа, да ублажи опекотини од сонце па дури да ги смали борите.Како да одбереме авокадо? Во продавниците најчесто може да се купи авокадо со танка и глатка зелена к

Пронајдете не на следниве мрежи: