Зошто православната црква го слави Божиќ на 7-ми јануари?

Loading...

Додека многумина во САД веруваат дека Божик дошол и поминал, големо христијанско население во светот ќе го слави светиот ден в среда.Заради разликите во каледнарите, 6 јануари за многу православни цркви е Бадник, а Божик се слави в среда.
Архимандритот Кристофер Калин, декан на Руската православна катедрала Света Девица заштитничка, објаснува зошто толку христијански цркви го слават Божик подоцна од повеќето други луѓе.
– Мнозинството православни цркви низ светот го користат јулијанскиот календар, кој бил создаден под владението на Јулиј Цезар во 45 година пр.н.е., и не го прифатиле Грегоријанскиот календар кој го предложил латинскиот папа Григориј од Рим во 1582 година, вели Калин.
Има 13 дена разлика помеѓу двата календари, а грегоријанскиот го прифатиле западните нации.
– 25 декември во јулијанскиот всушност паѓа на 7 јануари според грегоријанскиот календар. Или точно кажано, Божик се уште се задржал на 25 декември, што излегува 13 дена подоцна според јулијанскиот календар, објаснва Калнн.
За православните христијани кои го прифатиле грегоријанскиот календар, Божик паѓа на 25 декември како и за кај другите, додека на 6 јануари се слави Богојавление, христијански празник со кој се слави откривањето на синот Бог како човекот Исус. Оние кои останале според јулијанскиот календар, Богојавление го слават на 19 јануари.
Прифаќањето на Грегоријанскиот календар помеѓу православните цркви варира според јурисдикцијата во самата деноминација. Иако многу православни христијани во САД се престроиле, поранешниот Советски сојуз и Блискиот исток се држат кон „стариот календар“.
– Она што треба да се запомни е дека во суштина секоја православна црква го слави Божик на 25 декември, вели архимандритот Натаниел Сименоидес од Благовештенската грчка православна црква во Њујорк.
Симеонидес објаснува дека „единтвениот ден за гозба кој се слави на ист ден од сите православни христијани е Пасха“ или Велигден.
Различен фокус
Православното почитување на Божик значајно се разликува од западните обичаи. Иако православните христијани исто имаат период на пост кој според грегоријанскиот календар е од 15 ноември до 24 декември, тоа е време на постење и правење добротворство.
– Многу луѓе веруваат дека 40-те дена кои воведуваат во Божик е начин да ја обноват својата вера и односот кон Бога, вели Симеонидес.
Според Калин, божиките празници траат три дена и вклучуваат разни гозби и служби за верниците.
Се почнува со службата на Бадник утрината, кога се чита пророштвата од Стариот и пасуси од Новиот завет, по што следува причест.
Постот трае преку целиот ден се до зајдисонце и до појавата на првата ѕвезда Вечерница, кога се служи посебна вечера наречена „вечера на света вечер“.
Во оваа вечера има 12 безмесни и безмлечни јадења, по едно за секој апостол. По благословот и читањето од Библијата, започнува јадењето и потоа се пеат божикни песни. Бдението за Рождеството Христово е составено од псалми и се читаат пророштва. Присутните се миросуваат со миризливо масло кое за ова прилика е благословено.
На Божик, верниците се враќаат во црква за службата наречена „Гозба за Рождеството Христово“ кое вклучува света литургија. Последниот ден, денот по Божик, има црквени богослужења и прослави во чест на Мајката Марија за нејзината улога во приказната за Рождеството Христово. Калин смета дека драстичните разлики за тоа како православната црква го гледа христијантвото, е фокусирано на светиот ден.
– Поакутно се фокусираме на аспектите на инкарнацијата Христова и на космичкото спасение за сиот човечки род, вели Калин и додава дека станува збор за „помала сентименталност“.
– Додека поголемиот дел од надворешните обележја се исти, како што е божикната елка, украсите, лентите и подароците, постои зголемен акцент на духовната реалност на оваа навистина чудесна мистерија како Бог станал човек, па така луѓето можат да се обединат со Бога и едни со други.Заради разликите во каледнарите, 6 јануари за многу православни цркви е Бадник, а Божик се слави в среда.
Архимандритот Кристофер Калин, де

loading...
Loading...