Зошто Пржино нема да не извлече од кризата

Нам ни се падна да живееме во многу интересно време. Во него не секој се снаоѓа добро.Има и такви што не ни разбираат што се случува и затоа не умеат да дејствуваат така за да ги согледаат опасностите, да се организираат за да ги пресретнат што порано, да амортизираат кога ќе надојдат, да се регулираат соодветно со добра стратегија и ефикасна тактика, согласно со капацитетите, да се организираат за самоодржливост. И во организирањето на општествата како држави и во водењето политика крупна ставка е временската прогноза. Хидрометеоролошките институции ги набљудуваат и предвидуваат климатските промени предизвикани од збир на причини (космички, но и техничко-технолошки и профитерско-политички). Институтите за геополитика и геостратегија ги прогнозираат политичките собитија. Обата треба да бидат системи за рано предупредување. Иако најчесто не се. Па затоа доаѓа до катастрофи. Еве што е причината за хаосот во кој нам ни се падна да живееме и зошто е толку тешко од него да се извлечеме.
 
Жртви сме на заблудата дека кризите (воени и политички) се надминуваат со коктел-лекови, како што се преговори, договори, мировни планови, политички решенија и слични матракуки. Kризата ако е оригинерна е соопштение до „јавноста“ дека дошло време за крај на старото и раѓање на новото. На пример, дека Сонцето од малолетна ѕвезда влегло во фаза на полнолетство со зголемена хормонска неканализирана енергија. Со какви мировни преговори ќе го спречи некој тоа колку и да е „специјален“ или „посебен“? Истото важи и за земските политички и воени кризи. Kако може светот кој се редел, на пример, по колонијалниот интерес на британската империја во 19 и 20 век и оној на САД, особено по Втората светска војна, да се надмине со мировни преговори, преговарачки маси и слично кога причината за кризирањето не е отстранета од корен. А таа е политиката на статус кво. Началникот на американскиот армиски генералштаб, генералот Џозеф Данфорд, многу кратко и јасно објасни која е причината за мавтањето со оружје и воени провокации на планетава до тој степен што сите веќе говорат за светска војна. Вели, Русија им го изместила на Американците центарот на гравитација, кој бил граден со децении како мрежа на сојузништва.
Поопширно во печатено или во електронското издание на ДневникИма и такви што не ни разбираат што се случува и затоа не умеат да дејствуваат така за да ги согледаат опасностите, да се организираат за да ги пре

Пронајдете не на следниве мрежи: