Зошто само Шиповиќ да се брани од слобода?

СДСМ веќе гарантира со имот за Шиповиќ да се брани од слобода…Но, што ќе се случи доколку се потврди дека тој е виновен за стопански криминал, со тоа партискиот кредибилитет се става под знак прашалник.
Веднаш по апсењето на Шиповиќ, Шекеринска, Заев и уште неколку членови на СДСМ го понудија својот имот за сопартиецот. Аналитичарите го оценија ова како непромислено, затоа што уште на следните избори оваа одлука може да биде искористена против нив.
– Гаранцијата со имот што ја даде Заев не е гаранција дека е невин. Што ако биде осуден. Целиот кредибилитет на партијата со оваа изјава СДСМ го стави во заложништво и с` паѓа во вода – вели политикологот Владимир Божиновски за Дневник. 
– Подобро ќе беше да гарантира некој што е близок со СДСМ, но не и лидерот, кој е лицето на партијата. Има шанси тоа и на друг начин да се изведе. На пример, да гарантираат непартиски лица. Вака се руши целиот углед на СДСМ. Kако очекуваат по ова луѓето да гласаат за нив – прашува Божиновски. 
Аналитичарите додаваат дека доколку се земат доказите во предвид, јасно е дека станува збор за стопански криминал. Додаваат дека ова нема врска со политика.
Додека од опозицијата секако му даваат политичко значење на ова апсење..
– Станува збор за чиста политичка хајка за преземање на Општина Центар, која повеќе е казна отколку превентива. Ние не велиме дека треба да се повлече постапката, туку сме убедени дека е невин и оти сево ова е со интенција да се блокира работата на Советот – вели партискиот портпарол Петре Шилегов, кој забележува на големи правни пропусти во случајот, меѓу кои и непочитувањето на пресумпцијата на невиност. 
 
– Другите осомничени одат како колатерална штета за да се направи предмет. СДСМ ги селектира предметите не поради политичка припадност на осомничените, туку поради интенцијата на случајот – коментираат од „Бихаќска“. 
Но што ако биде осуден? 
Според политиколозите : Ако на минатите избори Црвенковски ја даде партијата под хипотека, Зоран Заев сега прави сличен потег – го дава брендот под залог. Многу полошо ќе биде ако Шиповиќ биде осуден.
Но додаваат дека ова е обид на секој начин да се избегнат предвремени избори.
 
 Но, што ќе се случи доколку се потврди дека тој е виновен за стопански криминал, со тоа партискиот кредибилитет се става под знак прашалник.

Пронајдете не на следниве мрежи: