Зошто се јавува утринска ерекција и дали е нормално тоа?

Зошто се јавува утринска ерекција и дали е нормално тоа!Многумина се прашуваат дали тоа е нормално, дали е здраво и зошто се јавува? Зошто понекогаш се јавува ерекција без воопшто и да помислите на секс? Скоро и да не постои маж кој барем еднаш во животот не си ги поставил овие прашања, затоа ние денес ќе ги откриеме одговорите …
Научниците со години наназад се обидувале да дадат точен одговор која е причината што доаѓа до утринска ерекција кај мажите. Порано постоеле бројни митови околу тоа зошто се јавува ерекција наутро, некои митови сеуште опстојуваат како што е митот дека ерекцијата е предизвикана од урината која се задржува во мочниот меур во текот на ноќта или пак митот дека причина за утринската ерекција е нередовниот сексуален живот или незадоволството од партнерката и слично. Ништо од ова не е точно бидејќи утринска ерекција се јавува и кај лицата кои повеќе од редовно имаат сексуален однос и се задоволни од сексот со својата партнерка.

 
Утринската ерекција, последна ноќна ерекција
Утринската ерекција е всушност последната ноќна ерекција. Во текот на ноќта мажите доживуваат многу ерекции, без разлика на тоа што сонувааат. Утринската ерекција е последната ноќна ерекција, таа можеме да ја забележиме и затоа е причина за дискусија.
Утринската ерекција е добар знак
Утринската ерекција е добар знак за вашето здравје. Научниците велат дека пенисот се полни со крв планирано, за да се одржува во форма, а исто така и самиот си ги решава евентуалните проблеми кои настанале. Научниците додаваат дека тоа што се будите наутро со ерекција е знак дека половиот систем и хормоните функционираат нормално и воопшто не треба да мислите дека со вас нешто не е во ред. Освен ова ерекција може да се јави и во било кој период од денот без и да помислите на секс, и ова е нормално причините за ваквата појава се слични на појавата на ноќна ерекција и не треба да ве загрижува.
Извор: doktori.mkМногумина се прашуваат дали тоа е нормално, дали е здраво и зошто се јавува? Зошто понекогаш се јавува ерекција без воопшто и да помислите на секс?

Пронајдете не на следниве мрежи: