Дури и денес многу луѓе веруваат дека, ако црна мачка им го пресече патот, набргу ќе ги снајде некоја несреќа. Ова суеверие потекнува од пред повеќе од илјада години.Старите Египќани ја обожувале мачката и ја сметале за свето животно, а една своја божица по име Пашт, ја претставувале како жена со глава на мачка. Еѓипќаните верувале дека божицата Пашт има девет животи и тоа дава објаснување зошто многумина мислат дека и мачката има девет животи. Кога во Египет ќе пцовисала некоја црна мачка, веднаш потоа била балсамирана и на тој начин сочувана.
Пронајдени се едни гробишта во кои имало повеќе илјади мумии на црни мачки!
Кога луѓето верувале во вештерки, мислеле дека црните мачки се всушност, преправени вештерки. Затоа не вредело да се убиваат црни мачки, затоа што така неможело да се уништи вештерката, бидејќи девет пати можела да влезе во мачката!
Во средниот век владеело суеверие дека вештерките и вештерите секогаш го користеле мозокот на црната мачка, кога ги подготвувале и вареле своите таинствени напитоци!Старите Египќани ја обожувале мачката и ја сметале за свето животно, а една своја божица по име Пашт, ја претставувале како жена со глава на мачка.