Зошто сите дигитални асистенти имаат женски глас? Конечно имаме одговор

Доколку поседувате паметен телефон, големи се шансите на располагање да имате и личен дигитален асистент. Ајфонот има Сири, Видноус Цортана, а Самсунг Галакси Воис.Сите овие виртуелни гласови имаат една заедничка работа- тие имаат женски глас.
Ова никако не е случајност. Се чини дека луѓето повеќе сакаат женски гласови.
Истражувањето кое го водел Карл Мекдорман од универзитетот Иднијана дополнително го потврдил ова мислење.
Тој и неговите колеги пуштале клипови од машки и женски гласови на личности од двата пола и потоа од нив барале да откријат кој им бил помил. Истражувачите исто така го мереле и начинот на кој испитаниците реагирале на гласовите.
Тие во своето истражување утврдиле дека женскиот глас им  звучел потполо  на припадниците на двата пола, со тоа што жените  подсвесно реагирале на гласот на друга жена, додека мажите биле неутрални
„Мажите ќе речат дека женскиот глас им е помил, додека жените тоа навистина го мислат“, тврди Мекдорман.
Како што се развива технологијата, дизајнерите тврдат дека ќе се проширува и  разновидноста. Благодарение на новите технологии, компаниите ќе можат да создаваат гласовикои ќе им одговараат на поединците.
Веќе сега, многу уреди нудат можност за прилагодување на гласовниот интерфејс, па така Хомер Симпсон може да ви каже кога да свртите десно преку вашиот ГПС уред. Сири може да стане маж, доколку одвоите време за малку да почепкате по алатките за налогодуввање.Сите овие виртуелни гласови имаат една заедничка работа- тие имаат женски глас.
Ова никако не е случајност. Се чини дека луѓето повеќе сака

Пронајдете не на следниве мрежи: