Зошто треба да јадеме банани

Бананите се богати со многу корисни состојки, кои ни помагаат да останеме во добра форма, но и да го спречиме настанувањето на бројни болести. Бананите се одличен оброк за почеток на денот. Ако наутро изедеме една банана со чаша млеко и едно парче интегрален леб, тоа ќе ни даде доволна енергија за почеток на новиот ден.  
Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој олигоелемент го регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек. Кај трудните жени, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.

Здравствени придобивки од бананата:
Бананата има висока калорична вредност, но мал процент на масти. Ова овошје содржи солидна количина антиоксиданси, витамини и минерали кои се неопходни за одржување на здравјето.
Ова овошје исто така е добар извор на витамин Ц. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси и да ги собере штетните, оксигенски слободни радикали.
Свежата банана е исклучително богат извор на калиум. Во 100 грама овошје има 358 микрограма. Калиумот е важна состојка на клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок, преку поништување на штетните ефекти од натриумот.  Бананите се одличен оброк за почеток на денот. Ако наутро изедеме една банана со чаша млеко и едно парче интегрален леб, тоа ќе ни даде доволна ене

Пронајдете не на следниве мрежи: