Црквата на Ватикан, или римокатоличката црква, има долга историја за корупција и манипулации. Од престапи и геноцид пред неколку векови над Катарите, до сексуално злоставување деца во модерните времиња, таа важи за една од најкорумпираните организации во историјата.
Во 1611 година, Библијата беше преведена од латински на англиски јазик. Тогаш Библијата содржела 80 книги вклучувајќи ги и последните 14, кои денес се исфрлени, а се дел од крајот на Стариот завет:
– 1 Есдрас
– 2 Есдрас
– Тобијас
– Остаток од Естера
– Соломоновата мудрост
– Еклесиастикус
– Барух со послание до Еремија
– Песни на трите Свети деца
– Историја на Сусан
– Бел и змејот
– Молитва за Манашеов
– Прва книга за Макабејците
– Втора книга за Макабејците
Во 1684 година овие книги се остранети од сите верзии на Библијата, освен во изданието од 1611 година.
Во ова издание ќе пронајдете дека името на Исус е напишано како ИЕСУС и дека се изговара Јахашуа. Зошто тогаш сите го викаат Исус?
Една од книгите што посебно е интересна е „Мудроста на Соломон“. Обрнете внимание на следните извадоци:
Мудрост на Соломон 2:1-24
1. За безбожно резонирање, но не исправно, нашиот живот е краток и досаден и за смртта на еден човек не постои лек; ниту пак постои човек кој се вратил од гроб.
2. Сите сме родени за авантура: и ќе бидеме овде во иднината како никогаш да не сме биле, бидејќи здивот на нашите ноздри е како чад и мала искра во движењето на нашите срца.
3. Кога ќе се изгаси, нашето тело ќе се претвори во пепел, а нашиот дух ќе исчезне како воздух.
4.Нашето име ќе биде заборавено со времето и никој нема да ги има нашите работи во знак на сеќавање, а нашиот живот ќе помине како траг облаци и ќе се распрсне како магла што ја растеруваат сончевите зраци.
5. Нашето време е како сенка што надоаѓа и по нашиот крај нема враќање – брзо е запечатен, така што ниту еден човек не се враќа.
6. Ајде да уживаме во добрите нешта околу нас и ајде брзо да ги користиме суштествата исто како во младоста.
7. Да се наполниме со скапо вино и масти.
8. Да се крунисаме со ливчиња од роза, пред да овенат.
9. Нека никој од нас не отиде без својот дел од страста. Да ги оставиме знаците на нашата радост на секое место, бидејќи тоа е наш дел и судбина.
10. Ајде да го угнетуваме сиромавиот праведник, да не ја поштедиме вдовицата, ниту да ја почитуваме старата коса на остарените.
11. Нека нашата сила биде законот на правдата, бидејќи она што е слабо не вреди ништо.
12. Ајде да го демнеме праведниот, бидејќи тој не е на наша страна и се противи на нашите дела. Тој нѐ прекорува со нашите законски престапи и се спротивстави на срамот на престапот на нашето образование.
13. Тој пропведа дека го има знаењето на Севишниот и се нарекува себеси Божјо дете.
14. Тој е создаден да ги прекори нашите мисли.
15. Тој е немилосрден кон нас, неговиот живот не е како животите на другите луѓе, неговите патишта се поинакви.
16. Тој нѐ гледа како измамници, бега од нашите патишта како од нечистотија. Тој прогласи крај само за да биде благословен и се фали дека Бог е неговиот татко.
17. Ајде да видиме има ли вистина во неговите зборови и нека ни докаже што ќе се случи на неговиот крај.
18. Бидејќи ако тој е син на Севишниот, Тој ќе му помогне и ќе го спаси од рацете на непријателите.
19. Ајде да го преиспитаме со немилосрдност и мачење за да ја спознаеме неговата кроткост и да го докажеме неговото трпение.
20. Ајде да го осудиме на срамна смрт, бидејќи според неговата приказна, тој ќе биде почитуван…
Ова создава низа прашања
-За кого Соломон вели да го убијат со „срамна смрт“?
– Зошто Ватикан гласаше овие 14 книги да се отстранат од Библијата?
– Зошто Соломон звучи лудо и злобно во оваа книга?
Се чини дека Соломон зборувал за Исус. Но, Исус е роден околу 900 години по неговата смрт. Дали можел да го предвиди неговото доаѓање? Ајде да разгледаме зошто би можел Соломон да зборува за него:
– Го убија Синот со срамна смрт.
– Акциите и делата на Синот биле поинакви од сите други.
– Тој тврди дека е дете на Севишниот.
– Тој бил праведен сиромав човек кој на Соломон и другите како него би гледал како на „измамници“.
– Тој проповедал дека го поседува знаењето на Севишниот.
Ова навистина го нарушува она што го знаевме досега. Соломон навистина звучи злобно, а воедно е наведен и како најмудриот човек во историјата.
Интересно, Соломон бил свртен кон окултизмот, обожувал повеќе богови и бил слаб на жени. Се смета и дека чуениот Соломонов храм е духовно место за раѓање на Масоните, движење кое (на највисоките нивоа) е поврзано со влечењето конци на големите глобални случувања и тврдења дека тие се вистинската сила за контрола на нашиот свет.