Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, оствари посета на општинските училишта.Воспитно и наставно-образовниот процес во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Жван го „опслужуваат“ квалификувани наставници – најголем дел млади луѓе, образoвани, едуцирани и вработувани последниве 10-15 години.
Меѓутоа, од директниот разговор со повеќето од нив, се стекнува впечаток на голема загриженост за опстанокот на училиштето заради континуираното опаѓање на бројот на учениците. Малиот број на ученици (околу 90) се рефлектира и врз успешното финансиско работење на училиштето, но создава дополнителен проблем и за наставниците бидејќи од тие причини не може да се стекнат со полн неделен фонд на часови, заради што, отежнато се спроведуваат постапки за трансформација на работните места (од определено во неопределено).
– Иако наставата се изведува во училиштна зграда изградена пред повеќе од половина век, просторните услови се оптимални. Последниве години добивме и искористивме неколку меѓународни грантови и непосредна финансиска поддршка од локалната самоуправа, како и сопствени средства, и извршивме реконструктивни зафати на покривната конструкција, постапно заменување на дел од надворешната и внатрешната столарија во зградата на централното и други помали градежни зафати во централното и подрачните училишта во Жван и Сопотница. – вели директорката Менка Најдовска која, исто така, е серозно загрижена заради малиот број на ученици.
Неповолна појава што во догледен период може да го доведе во прашање натамошниот опстанок, како на подрачните училишта во Слоештица, Доленци, Жван и Сопотница кои „кубурат“ со ученици, така и на централната деветтолетка.
Иако намалениот број на ученици директно се рефлектрира и на финансирањето, сепак, благодарение на успешното менаџирање со парите, досега училиштето не е „вовлечено“ во никакви финансиски долгови, а се кројат и планови за дополнителни вложувања во поправка на кровната конструкција на училиштето во Сопотница коешто е изградено во далечната 1927 година, известуваат од Општината.
Се планира и отстранување на азбестните покривни плочи над фискултурната сала, санација на таваните во неколку училници кои „настрадаа“ во големите порои за време на реконструкцијата на покривот. На средбата, градоначалникот Љупчо Блажевски беше информиран и за други тековни проблеми и активности што се спроведуваат во училиштето.Воспитно и наставно-образовниот процес во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Жван го „опслужуваат“ квалифи