Зврлевски: Владата во својот предлог за мое разрешување не образложи како тоа несовесно, нестручно и незаконито сум ја вршел својата работа

Републичкиот јавен обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски на денешната собраниска седница,каде што како точка на дневен ред е токму предлогот на Владата на Република Македонија за разрешување на Републичкиот јавен обвинител, истакна дека во предлогот  за резрешување на  Владата на  Републичкиот јавен обвинител дека незаконито, ненавремено и  нестручно ја вршел  својата функција ,а со тоа   ја довел во прашање способноста на вршењето на функцијата  Републички јавен обвинител,е паушален и тотално  неточен.-Во предлогот се наведува дека јавниот обвинител  на Република Македонија Марко Зврлевски, со неповедување на кривични постапки,го довел во прашање угледот на вршењето на функцијата,посочи Зврлевски.
-Почитувани пратеници ништо од оваа не е точно. Не е точно дека нестручно и несовесно и незаконито сум ја вршел функцијата,а дека е тоа така укажува и фактот дека во предлогот на владата во ниедна елинеја не стои како тоа јавниот обвинител на Република Македонија,нестручно и  несовесно ја вршел функцијата, вели Зврлевски.
-Денеска овие нафрлани случаи,не укажуваат на нестручноста на јавниот обвинител на Република Македонија,туку покажуваат на нешто друго, уште еднаш покажуваат  на  непознавањето на функцијата на јавниот обвинител на Република Македонија,на непознавањето кои се обврските на јавниот обвинител на Република Македонија-анализираше Зврлевски.
Јавниот обвинител  на Република Македонија нема обврска да  поведува кривични постапки,јавниот обвинител не запира постапки и не одлучува  дека нема да се поведат постапки. Основните јавни обвинители согласно уставот и законот се самостојни во своето постапување,тие одлучуваат  кој ќе поведе постапка,во кој случај и кога нема да поведат постапка и кога ќе ја запрат постапката. Никој на јавните обвинители основни не може по закон да влијае  на нивната работа,посочи Зврлевски.
Републичкиот јавен обвинител на собраниската говорница рече дека  како обвинител никогаш не влијаел на  никого,  да не поведе или поведе постапка.-Во предлогот се наведува дека јавниот обвинител  на Република Македонија Марко Зврлевски, со неповедување на кривични постапки,го довел во пр

Пронајдете не на следниве мрежи: