Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.
Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.
- Двајца осудени за 27 април побарале помилувањеДел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи- прочитај повеќе
- Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓеНајмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс- прочитај повеќе
- „Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авионФедералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, „Росавијација“, издаде официјално соопштение- прочитај повеќе
- Крвав Божик во Германија! Мајка убила две деца на најсреќниот христијански празник, па се обидела да си го одземе животот! Се појавија деталите за хоророт!Страшна трагедија се случила на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат- прочитај повеќе
- Ватикан: Што значи Светата година 2025?Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се сеќава на Бадник 1974. Тогаш- прочитај повеќе
Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.
Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.
На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.
Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.