Адвокатот Страшевски со отворено писмо до Филипче

Писмото кое беше испратено до нас го пренесуваме во целост.

Почитуван,

Во мое лично име но и во името на моите колеги кои овие два дена се вознемирени и гласно ја коментираат состојбата со Корона вирусот во Република Македонија, јавно Ви се обраќам со цел да апелирам да донесете разумна одлука бидејќи здравјето е најважно пред било каква одлука од страна на Министерот за правда која нема ниту знаење ниту допирни точки со ова прашање.

Апелирам да донесете одлука без консултации како тоа што го направивте без претходни консултации со други министри, комори т.е засегнати страни бидејќи се согласувам со Вас дека здравјето е побитно од се. Кој ќе сноси одговорност ако судот постани извор број 1 на Корона вирус во нашата држава.

Кога во нашата држава се забрануваат јавни собири, се затвораат игротеки, градинки, школи итн нема никаква логика да судот работи под полна пареа каде дневно циркулираат илјадници лица кои не се имуни на Корона вирусот.

Притоа сакам да Ве информирам дека во Кривичниот суд ниту се спроведуваат некои мерки, ниту се дезинфицираат судниците, ниту се прави некаква контрола на лицата што влегуваат во суд под полна пареа се одржуваат десетици судења.  Нема евиденција кој судија или обвинител бил на некое патување или имал контакти со лица кои се во ризична категорија.

Во текот на вчерашниот ден еден адвокат кој бил на службено патување во ризичен регион присуствуваше на судење а денес една од обвинетите не дојде на судење поради тоа што нејзиниот сопруг бил во каранти.

Апелирам до Вас итно да дадете препорака до судовите во нашата држава да држат само судења кои се од итен и неодложен карактер но исто така да се врши дезинфекција на судниците но и да има контрола на лицата кои влегуваат во судовите.

Имам четири деца и немам намера јас лично наредниов период да се појавувам на закажаните рочишта бидејќи нивното здравје ми е поважно од се.

Ве молам да ги имате во предвид дека судот казнува адвокати кои ги почитуваат вашите досегашни мерки т.е отсуство поради родителска грижа на своите деца.

Се надевам дека овој Апел добронамерно ќе го сватите бидејќи здравјето на граѓаните треба да биде пред се.

Со почит,

Адвокат Јовица Страшевски

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.