Велат треба да сретнеш неколку жаби пред да го сретнеш својот принц. Иако оваа реченица е како дел од бајка, сепак изгледа како вистинките личности да доаѓаат откако ќе ги сретнеме оние кои ќе нѐ повредат и нема да ни ја даваат љубовта која ја заслужуваме.
Сепак, најубавите работи за љубовта ги учиме од оние кои вистински нѐ сакаат.
Ако некој сака да биде со тебе, ќе биде со тебе. Едноставно е.
Ако некој не сака да биде со тебе, постојано ќе те тестира. Ќе се обиде да биде со тебе и да те скрие од светот, без да бидете официјално во врска. Ќе ти каже дека си луд/а кога ќе бараш повеќе искреност и внимание. Ќе измислува причини зошто не може да биде со тебе.
Никогаш не е вистинското време, се додека не дојде вистинската личност.
Романсата не се секогаш принцови и принцези. Таа е внимание, убави гестови, среќа.
Вистинската личност – таа е тука, не се плашиш постојано дека можеш да ја изгубиш.
Убавата и здрава врска те прави силна, самоуверена и искрена личност.
Луѓето велат : кога двајца се сакаат, љубовта е доволна. Но, тоа не е така. Секоја врска бара љубов, но бара и компромиси, разбирање и напор, вистински напор.
Љубовта не доаѓа кога мислиш дека треба.
Таа не изгледа како што ти мислиш дека треба да изгледа.