Ал Наср го обезбеди потписот на Кристијано Роналдо, но клубот од Саудиска Арабија сака да привлече уште неколку големи ѕвезди, сепак не може да ги има сите, Лука Модриќ ги одбил.
„Марка“ тврди дека Лука Модриќ одбил богата понуда од Ал Наср бидејќи сакал и следната сезона да настапува за Реал Мадрид.
Планот на Модриќ е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид на највисоко ниво. Се верува дека Ал Наср ќе проба и по крајот на следната сезона да дојде до потписот на Хрватот.
Клубот од Саудиска Арабија се поврзува и со Серхио Бускетс, Серхио Рамос и Мауро Икарди.