Албанија ја погоди земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ESMC).

Како што се наведува, епицентарот бил на 29 километри од Тирана и 14 километри од Бурел, на длабочина од еден километар.

Пред само два дена беше регистриран земјотрес во Албанија, исто така со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Тој земјотрес можеше да се почувствува и на крајниот југ на Црна Гора, а земјотрес со јачина од 2,9 степени го погоди и Загреб.


Пронајдете не на следниве мрежи: