Алкараз со порази Медведев и се пласираше во финалето на Вимблдон

Најдобриот руски тенисер Даниил Медведев е поразен во полуфиналето на Вимблдон од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со резултат 6:7, 6:3, 6:4, 6:4.
Даниил Медведев тешко можеше да замисли потежок пат до финалето на Вимблдон. Најпрвин во четврт-финалето го чекаше Јаник Синер, а потоа во полуфиналето Карлос Алкараз. Сепак, тоа е една од најдобрите квалитети на рускиот ас во тенисот, тој е најдобар кога е најпотребно.

Фантастичен тенис одиграа и двајцата, изведоа маестрални потези, но уште еднаш мал пад на концентрацијата скапо го чинеше Медведев. Даниил не успеа да го врати брејкот што Карлос го направи во седмиот гем.
По три часа борба, Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Вимблдон, каде го чека победникот од мечот Новак Ѓоковиќ-Лоренцо Музети.

Пронајдете не на следниве мрежи: