Американската војска во Сирија го уби високиот функционер на Исламската држава Осама Џамал Мохамед, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ). Во соопштението објавено на платформата Х се вели дека неговата смрт ќе ја наруши способноста на ИД да планира и изведува терористички напади. „Нема индикации дека во овој напад биле повредени цивили“, се вели во соопштението.