Пејачката Ана Бекута долги години е член на стручното жири на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, но на денешното снимање не се појави од приватни причини.Бекута не дојде на снимањето на „Ѕвездите на Гранд” поради годишнината од смртта на нејзиниот долгогодишен партнер Милутин Мркоњиќ Мрка, а на нејзино место дојде колегата Драган Којиќ Кеба.Да потсетиме, Милутин Мркоњиќ, почесен претседател на СПС и поранешен Министер за инфраструктура и транспорт, пред три години, на денешен ден, 27 ноември, ја загуби животната битка.Долгогодишниот партнер, семејството и пријателите на Мрка минатата сабота се собраа на Новите гробишта во Алејата на заслужните граѓани да му оддадат почит.Ана дошла на гробиштата во придружба на синот, внуката и внукот и оставила цвеќе на гробот.
Пронајдете не на следниве мрежи: