Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ со честите објави на социјалните мрежи привлекува огромно внимание, а го пропагира и здравиот начин на живот, но сега следбениците ги израдувала со уште една фотографија.
Ана и тоа како е активна трудница, па често со фановите ја споделува својата дневна рутина. Овојпат таа на Инстаграм споделила фотографија настаната во моментите на опуштање.
Во прв план е нејзиниот труднички стомак, како и чашата здрав напиток со специфична боја.
„Бебето и јас внесуваме дневна доза зеленило“, напишала таа во описот на фотографијата на која без грам шминка е совршена.
Поранешната тенисерка „ситно брои“ до раѓањето на нејзиниот трет наследник, а името во јавноста не сакала да го открие.
Да ве потсетиме, Ана е венчана со некогашниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер и веќе имаат двајца синови, Леон и Лука.
Иако имале успешни спортски кариери, поранешната тенисерка своевремено истакнала дека децата воопшто не ги оптоваруваат со тоа.
„Постариот син сака да црта и да чита, имаме многу книги дома. Јас пораснав на целосно поразличен начин и во семејство полно со љубов. Секојпат за време на ручекот и вечерата седевме со родителите, баба и дедо и разговаравме и јас сакам тоа да го пренесам на моите момчиња. Дури и некогаш кога патуваме некаде, а тие сакаат да им донесеме некоја играчка, ние ќе стигнеме и ќе им кажеме дека сме им донеле прегратка. И сакам тоа за нив да биде нормално“, вели Ана Ивановиќ која додава дека децата не знаат колку нивните родители се успешни, што особено ги зачудило сите.