Арапите сакаат да го купат Ливерпул

Инвеститорите од Катар се главни кандидати за купувач на англискиот фудбалски клуб Ливерпул.

Фенвеј спортс груп (ФСГ) го купи Ливерпул пред 13 години за 300 милиони фунти, а сега бараат најмалку четири милијарди фунти за клубот, објави Мирор.

Сопствениците на клубот побараа од инвестициските банкарски групи Голдман и Сакс и Морган Стенли да помогнат во преговорите за продажба.

Не се знае колку потенцијални купувачи има, ниту нивниот идентитет, но во бројни извештаи се наведува дека најсериозни се инвеститорите од Катар.

Како што пренесува британски „Експрес“, катарскиот новинар Мухамед Саед Алкаби тврди дека ФСГ „и дал приоритет“ на арапската земја во битката за купување на Ливерпул и дека тие се „сериозно заинтересирани“ за преземање.

ФСГ наводно ќе ги слуша понудите за евентуална продажба на клубот од Енфилд следниот месец.


Пронајдете не на следниве мрежи: