Атлетико Мадрид го скрши Арентеиро во шпанскиот Куп

Арентеиро остана со фудбалер помалку по црвениот картон на Реј во 22. минута од дуелот, по што поведе со погодок на Маркитос во 42. минута. Сепак, радоста на домаќините траеше само четири минути бидејќи Атлетико преку Караско стигна до 1-1.

Избраниците на Диего Симеоне имаа шанса за пресврт во 59. минута, но Мората не искористи пенал, меѓутоа до крајот на мечот стрелаа Бариос и Караско за конечни 3-1.

Пронајдете не на следниве мрежи: