Атлетико Мадрид одигра реми против Хетафе (1-1) во 20. коло од шпанската Ла Лига, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.
Во првото полувреме мируваа мрежите на двете страни, а конечно отпорот на Хетафе го скрши Кореа во 60. минута и донесе водство за Атлетико од 1-0.
Хетафе се бореше да ја прекине црната серија и во тоа им помогна Унал од пенал, кој погоди за 1-1 и така обезбеди реми.
Атлетико е четвртопласиран во Ла Лига со 35 бодови, додека Хетафе е на претпоследната позиција со 18 бода.