Ајнтрахт Франкфурт се пласираше во четвртфиналето во Купот на Германија, иако вечерашната битка со второлигашот Дармштад излезе потешка од очекувањата, па фаворитот мораше да се враќа по негатива за на крај да триумфира со 4-2.
Иако после само шест минути Рендал Коло Муани донесе предност за Ајнтрахт, неочекувано се случи прв пресврт на мечот, па Дармштад за две минути направи комплетен пресврт со головите на Матијас Хонсак во 29-та и 31-та минута.
Боре минута пред полувремето израмни, а потоа Камада во 62-та на асистенција на Коло Муани донесе втор пресврт на мечот и втора предност за Ајнтрахт, а францускиот репрезентативец во 90-та минута даде и втор гол за да стави печат на победата и на пласманот на бундеслигашот.