Баба, дедо и тригодишно внуче прегазени на пешачки во Aeродром

Синоќа на булеварот Србија во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка во која тешко се повредени три лица. Комбе со велешки регистерски таблички на пешачки премин удрил во баба, дедо и нивното внуче, информираат жителите на оваа скопската населба на социјалните мрежи.
Бабата и детето веднаш биле пренесени во Ургентниот центар.
Еве што за овој случај пишуваат жителите од општина Аеродром по социјалните мрежи.


„Господине Марин (градоначалник на Аеродронм-н.з.), пред 10-на минути, на булеварот Србија, на пешачкиот премин пред полициската станица, беа „собрани”, со брзината на светлината, баба, дедо и нивното внуче. Детето го вадевме од под автомобилот. Бабата повредена, ја реанимираа на лице место. Детето го однесоа со брза помош веднаш после бабата. Дедото, во бесознание, со тупаници, се удираше по главата и лелекаше. Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7-ца на Лото. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети. Благодарам“.
Официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.