Бабина јагнешка чорба

500 г јагнешко месо
500 г исчистен спанаќ
100 г ориз
150 г путер
1 голема главица кромид
2 моркови
1/2 корен од целер
1 лажица брашно
250 г јогурт
3 јајца
сол и мелен црн пипер
Исечете го јагнешкото месо на мали парчиња како за супа и сварете го во тенџере со вода на оган.
На растопениот путер во тава на оган пржете ги исечканиот кромид, и изренданите моркови и корен од целер додека омекнат. Додадете ги во тенџерето, заедно со исечканиот спанаќ и оризот, и варете додека се свари оризот. Посолете и наросете црн пипер.
Изматете ги јајцата, и измешајте ги со јогуртот и брашното. Додадете ја смесата во тенџерето и варете додека чорбата се згусне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.