БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ВАНИЛА!

Брза баклава која се пече само дваесет минути.
Состојки:
1 пакување готови кори за пита
125 гр путер
1 или 1 1/2 чаши ореви
екстракт од ванила
3 чаши шеќер
2 чаши вода
Подготовка:
Поделете ја кората на 2 еднакви делови. Посипете една половина од кората со 1/3 растопен путер и половина од грубо мелените ореви. Завиткајте добро во ролна и повторете ја постапката со другата половина од кората. Исечете ги ролните со големина од околу 2-3 см и наредете ги во подмачкана тава, вертикално.
Одозгора посипете со преостанатиот 1/3 растопен путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава розова боја.
Подгответе шеќерен сируп со ванила, оставете да зоврие неколку минути. Оставете малку да се излади и прелијте ја ладната баклава. Одозгора посипете ја баклавата со мелени ореви и послужете откако ќе стоите некое време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.