Банана леб со какао капки

Состојки
270гр брашно
1/2 лажиче сода бикарбона Фантазија
3 зрели банани
70гр путер, стопен па изладен
2 јајца (на собна температура)
1 кесичка ванилин шеќер на Фантазија
100гр какао капки Фантазија

Ова е најдобриот банана леб што сум го направила досега и плус како додаток какао капки на Фантазија стана популарен во мојата кујна, толку е вкусен и се подготвува за 10 мин.
Немора да биде баш леб, може и мафини, се’ што ќе посакате.
Во сад ставете го брашното, сода бикарбона и солта.
Во друг сад додајте ги пасираните банани, изладениот путер, јајцата, јогуртот и шеќерот.
Измешајте ги сувите со водените состојки, мешајки пополека.
Додајте ги чоколадните капки.
Добиената смеса ставете ја во модла (мојата е од 25см) предходно премачкана со путер. (можете да ставите и хартија за печење)
Печете околу 55 мин на температура од 180 степени.
Оставете го да се излади и уживајте во прекрасниот колач.
Забелешка
Путерот предходно треба да биде копмлетно изладен откако ќе се стопи, бидејки ако е уште топол и се измеша со јајцата, нема да се добие баш смеса каква што сакаме нели?
Во смесата може да додатете, јогурт или павлака, доколку ви е сува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.